ВИДЕО: Вознемирувачки снимки од град во близина на Киев, тела по улиците

Од:

Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат повеќе тела на улиците на градот Буча во близина на Киев.

Во градот во кој се водеа тешки борби влегоа украинските сили. АФП пренесува дека телата на најмалку 20 мажи во цивилна облека биле пронајдени на една улица откако украинските сили го презеле градот од Русите.

Агенцијата јавува дека на еден од убиените му биле врзани рацете, а телата биле расфрлени неколку стотици метри по патот. Нема детали за причините за смртта на луѓето иако најмалку едно лице има голема рана на главата.

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко на Твитер објави видео од уништената Буча, која е речиси целосно срамнета со земја.

„Буча беше прекрасно, модерно предградие на Киев пред еден месец“, напиша Герашченко на Твитер, додавајќи:

„Буча денес – бомбардирани и изгорени амбари, куќи ограбени до последната лажица или срамнети со земја, млади семејства убиени, мажи исчезнати, жени силувани.

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски