На црната листа странски агенти Русија стави и позната новинарка

Од:

Русија додаде уште осум лица на својата црна листа, обвинувајќи ги дека се „странски агенти“. Меѓу нив е и Eлизавета Осетинскаја, поранешна уредничка на неколку руски весници кои објавуваа извештаи за комерцијалните интереси на луѓе блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

На списокот се најдоа и писателот и видео блогер Евгениј Понасенков и ТВ репортерката Марија Борзунова.

Понасенков е познат по неговите духовити забелешки на социјалните мрежи насочени кон владата и ток-шоуа на државните ТВ канали. Марија е репортерка на независниот ТВ канал Рајн, кој исто така е прогласен за „таен агент“ и ја прекина својата работа од почетокот на инвазијата.

Терминот „странски агент“ носи негативни конотации од советската ера и ги подложува овие лица на строги барања за финансиско известување. Исто така ги обврзува да се изјаснат дека се „странски агенти“ за се што објавуваат.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски