Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Од:

Судот во Санкт Петербург заплени имот вреден 463 милиони евра на италијанскиот „УниКредит“, вториот по големина европски кредитор во Русија.

Како што објаснува „Фајненшл тајмс“, заплената е една од најголемите од почетокот на Специјалната воена операција и повлекувањето на западните банки од Русија.

Запленетиот износ е еквивалентен на околу 4,5 отсто од имотот на УниКредит во земјата, се вели во најновиот финансиски извештај на главната руска подружница на банката. Замрзнатите средства вклучуваат акции во филијалите на „Уникредит“ во Русија, како и акции и средства во сопственост на банката.

Овој потег уследи откако „Рушимаљанс“, филијала на „Гаспром“, го тужеше „УниКредит“ и побара од групацијата да плати банкарски гаранции во согласност со договорот со германската инженерска компанија „Линде“.

„Рушимаљанс“ е оператор на фабрика за преработка на гас и капацитети за производство на течен природен гас во околината на Санкт Петербург. Во јули 2021 година потпиша договор со „Линде“ за проектирање, набавка на опрема и изградба на комплексот. Една година подоцна „Линде“ престана да работи поради санкциите на ЕУ.

Руската компанија потоа им пристапи на банките кои го гарантираа договорот и одбија да ги исполнат нивните обврски бидејќи „плаќањето на руската компанија може да биде кршење на европските санкции, се вели во поднесувањето на компанијата до судот.

Покрај „УниКредит“, на листата жиранти се најдоа и „Дојче банка“, „Комерцбанк“, „Бајерис Ландесбанк“ и „Ландесбанк Баден-Виртемберг“, против кои тужби поднеле и „Рушимаљанс“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Русија за обидот за атентат на Трамп: САД поттикнуваат омраза кон политичките противници