Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Од:

Амбасадорите на ЕУ денеска начелно се согласија да додадат четири руски медиуми на списокот со санкции на ЕУ за, како што велат, ширење на пропаганда, потврди еврокомесарката за вредности и транспарентност Вера Јурова на својот X профил.

„На списокот на санкции се додадени четири пропагандни мрежи поврзани со Кремљ: Глас Европа, РИА Новости, Известија и Руска газета“, објави Јурова, додавајќи дека е забрането и руско финансирање на европски медиуми, невладини организации и политички партии, пренесува Ројтерс.

И двете мерки се дел од планираниот 14-ти пакет санкции против Русија за нејзината инвазија на Украина, според официјалниот документ што Ројтерс го виде минатата недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Русија за обидот за атентат на Трамп: САД поттикнуваат омраза кон политичките противници