Кога ќе има соодветни услови, Дендиас ќе ја предводи хуманитарната помош за Мариупол

Од:

Предлогот на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас да ја предводи хуманитарната помош од Грција за Мариупол сè уште е на маса, меѓутоа ќе се реализира кога ќе постојат соодветни услови, а никој не во позиција да каже кога ќе биде тоа, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Папајоану, го спомена и вчерашното соопштение од француското претседателство дека не е возможно испраќање хуманитарна помош во конкретната фаза, додаде дека „сè уште сме далеку од ова сценарио“ и објасни дека се потребни соодветни услови.

– Треба да постојат соодветни услови што ќе дозволат организирање на оваа мисија, а соодветните услови се од една страна, украинската страна да ни олесни, а од друга, руската страна да не создадава пречки. За жал, она што ви го кажав, а се покажа и вчера, многу сме далеку од ова сценарио. Кога ќе можеме со сигурност да кажеме дека ќе може да се реализира, ова искрено не го знам, рече Папајоану одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Тој објасни дека се во контакт со меѓународниот комитет на Црвениот крст за да видат „кога ќе постои прозорец на можност“ за реализација на предлогот на Дендиас.

За евентуална посета на министерот за надворешни работи на Киев, Папајоану рече дека при неодамнешниот телефонски разговор меѓу шефовите на грчката и на украинската дипломатија, постоела отворена покана од Кулеба до Дендиас, меѓутоа објасни дека во овој момемнт не постои нешто што би можело да се соопшти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина