Русија протерува дипломати од балтичките земји

Од:

Руското Министерство за надворешни работи ги повикало денеска амбасадорите на Летонија, Естонија и Литванија во Москва за да им најави протерување на некои нивни дипломати како реципрочна мерка, објавија руските медиуми.

Летонија и Естонија на 18 март објавија дека протеруваат по тројца руски дипломати, додека Литванија соопшти дека им порачала на четворица Руси дека мора да ја напуштат земјата.

Летонското Министерство за надворешни работи тогаш појасни дека дипломатите се протеруваат во координиран потег „во врска со активности спротивни на нивниот дипломатски статус, но и земајќи ја предвид руската агресија врз Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски