Украина бара итна истрага поради наводно злоставување на заробеници

Од:

Советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович вети итна истрага по појавувањето на видео на кое се гледа како украински војници пукаат во колената на мажи, кои очигледно се руски заробеници.

– Владата ова го сфаќа многу сериозно и ќе се спроведе итна истрага. Ние сме европска армија и не ги исмеваме нашите затвореници. Ако ова се покаже како точно, тоа е апсолутно неприфатливо однесување, нагласи Арестович.

Тој истакна дека Украина ги третира затворениците во согласност со Женевската конвенција.

Си-Ен-Ен побара коментар од украинското Министерство за одбрана.

– Со цел да ги дискредитира украинските одбранбени сили, непријателот снима и дистрибуира монтирани видеа кои го покажуваат нехуманиот третман на наводните „украински војници“ кон руските затвореници. Нагласувам дека војниците на вооружените сили на Украина и другите легитимни воени формации строго се придржуваат до нормите на меѓународното хуманитарно право, изјави началникот на украинските вооружени сили Валери Залужни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород