Песков: Не можете комплетно да ја изолирате Русија

Од:

Кремљ соопшти дека не е можно целосно да се изолира Русија, додека Западот продолжува да наметнува санкции против Москва, пренесуваат странските агенции.

„Не може да има целосен вакуум или изолација на Русија, тоа е технолошки невозможно во современиот свет. Светот е многу поголем од Европа. Порано или подоцна ќе треба да изградиме дијалог, без разлика дали некои го сакаат или не“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.

Зборувајќи за можноста рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Песков рече дека тоа би било „хипотетички возможно“, но дека ќе бара писмен документ договорен од двете страни во мировните преговори со Киев.

За да се одржи средбата, Песков рече дека делегациите мора да подготват „конкретен документ“. „Не збир на идеи, туку конкретен пишан документ“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков