УНХЦР не може да стапи во контакт со свои вработени во Мариупол

Од:

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) не е во можност да комуницира со некои од своите вработени во украинскиот пристанишен град Мариупол, изјави високиот комесар на организацијата Филипо Гранди.

– Некои успеаја да излезат. Некои се таму и не можеме да комуницираме со нив во овој момент. Тоа се мои колеги, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.

Гранди повика на „цврсти заложби“ дека нема да има борби за да функционираат коридорите за евакуација, додавајќи дека тоа е „многу сложено и требаат тие уверувања, инаку не може да се спроведе евакуацијата“.

Високиот комесар рече дека агенцијата на ОН помогнала во Харков минатата недела, „но за да се направи тоа требаат цврсти заложби дека нема да има борби и треба малку време“.

– Се работи за еден вработен. Не можеме да дојдеме до овој член на тимот повеќе од една недела, изјави вчера за Си-Ен-Ен задолжената за комуникација на УНХЦР во Украина, Викторија Андриевска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина