Кремљ: Ќе дојде време кога Европејците да се отрезнат од американскиот бурбон

Од:

Преговорите на Русија со „непријателот“ Украина не беа лесни, но најважно е дека тие ќе продолжат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесува руската новинска агенција РИА.

„Украина е многу тешка земја, многу тешка за нас. Во нејзината сегашна состојба, таа е непријателски настроена кон нас“, изјави Песков за белоруската телевизија, пренесе РИА.

Песков рече дека Москва ја започнала инвазијата за да ги „спаси“ двата источни региони кои во 2014 година ги зазедоа проруските сепаратисти и додаде дека верува оти рускиот јазик ќе биде вратен на заслуженото место во Украина.

– Кога Европејците ќе се отрезнат од американскиот бурбон и ќе сфатат дека тие се одговорни за судбината на нивниот континент, ќе дојде време да се преиспитаат односите со Русија и дијалогот, рече Песков.

Тој оцени дека тоа не е краткорочна перспектива, туку дека ќе дојде време.