Верешчук: Постои опасност од експлозија на муниција во Чернобил

Од:

Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи воспоставување на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина.

– Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарна катастрофа, истакна Верешчук.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: Подготвени сме за конфликт со НАТО, цената ќе биде многу повисока отколку во 1945 година

Кремљ: Ракетите испорачани од САД нема да ја променат ситуацијата на бојното поле

Москва: САД и Британија му помогнаа на Киев во нападот на Севастопол

ISW: Русија регрутира поранешни припадници на „Вагнер“

Шојгу откри колку долго ќе трае војната

Бугарите обвинети за шпионажа во корист на Русија изведени пред британскиот суд