Земјите од Г7 ги отфрлаат руските барања за плаќање на гасот во рубљи

Од:

Водечките светски економии ги отфрлаат руските барања за плаќање во рубљи за увоз на гас, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек. Говорејќи по онлајн состанокот со министрите за енергетика на Г7, со кој тој претседаваше, Хабек рече дека министрите се согласиле дека барањата за плаќање во рубли се „еднострано и јасно прекршување на постоечките договори“.

Договорите што беа склучени се уште важат, рече тој. „Ова значи дека плаќањето во рубли не е прифатливо“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека „непријателските држави“ ќе мора да платат за гас во руски рубљи, во потег кој очигледно е дизајниран да ја зајакне локалната валута која се бори.

Очигледен е обидот на Путин да не подели, рече Хабек.

– Нема да бидеме поделени, а одговорот на земјите од Г7 е јасен: договорите ќе се почитуваат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски