Украина тврди дека Русите се преместуваат на исток во обид да ги заобиколат украинските сили

Од:

Олексеј Арестович, советникот на украинскиот претседател изјави дека руската армија прераспоредува дел од силите на истокот на земјата, но дека тоа е обид да се опколи украинската армија.

Во телевизиско интервју, Арестович рече дека Кремљ преселил дел од војниците од областа во близина на Киев на исток во обид да ги опколи украинските сили таму.

Арестович, исто така, рече дека некои руски војници сè уште не се повлечени од северниот град Чернихив.

За време на вчерашните мировни преговори во Турција, Русија најави дека „радикално ќе ги намали воените активности околу Киев и Чернихив“.

Меѓутоа, претходно денеска, гувернерот на Чернихив, Вјачеслав Чаус, рече дека руските напади врз цивилната инфраструктура продолжиле во текот на ноќта и покрај руските барања. Чаус рече дека не гледа дека руските напади стивнуваат.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород