Украина бара исполнување на пет услови ако се согласи на неутралност

Од:

Украинците објавија список со барања доколку се согласат на неутралност.

Украинците веќе некое време не негираат дека се подготвени да се согласат на неутралност. Објавија што сакаат за возврат, односно какви гаранции бараат од Западот.

Шефот на украинската преговарачак делегација, Дејвид Арахамија, рече дека Украина сака меѓународен договор потпишан од земјите „гаранти за безбедност“, кој вклучува:

– Одредба дека во рок од три дена од почетокот на војната, агресијата или воената операција, земјите гаранти ќе бидат законски обврзани да и пружат воена помош на Украина

– Тоа би било во форма на оружје и „затворање на небото“ – односно воведување зона на забранети летови, што Западот досега одбиваше да го направи во војната во Украина.

– Гаранти ќе бидат постојани членки на Советот за безбедност на ОН: Соединетите Американски Држави, ОК, Франција, Кина и Руската Федерација, но „за ова треба да се разговара посебно“. Украина, исто така, сака да ги види Турција, Германија, Канада, Италија, Полска и Израел како гаранти

– Безбедносните гаранции нема да важат за „привремено“ окупираните територии Доњецк и Луганск

– Од сите земји гаранти се очекува да не се противат на пристапувањето на Украина во Европската унија и да и помогнат во овој процес.

Михаил Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, нагласи дека на сите предлози на украинската делегација ќе им треба поддршка од Украинците на референдумот.

„Тоа е клучната работа. Треба да ја добиеме поддршката од општеството за да го консолидираме овој договор“, рече тој.

Русија се уште не одговорила на барањата на Украина за неутрален статус.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород