Се огласи Русија: Рано е за средба Путин-Зеленски, преговорите продолжуваат утре

Од:

Главниот руски преговарач Владимир Медински рече дека позицијата на Русија за Крим и Донбас останува непроменета и дека мировните преговори не напредувале доволно за средба меѓу Зеленски и Путин. Руската страна потврдува дека преговорите прдолжуваат утре.

Се чини дека коментарите на Медински ги побиваат претходните извештаи кои сугерираа дека Москва „вербално“ се согласила со клучните украински предлози.

Украинскиот преговарач Дејвид Арахамиjа вчера за медиумите изјави дека Русија „дала официјален одговор на сите позиции, а тоа е прифаќање на украинската позиција, освен за прашањето за Крим (кој беше припоен кон Русија во 2014 година).

Во објавата на Телеграм, Медински напиша: „Нацрт-договорот не е подготвен да биде доставен на самитот на лидерите. Повторувам постојано, позицијата на Русија за Крим и Донбас останува непроменета“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски