Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг ги започнаа преговорите во ограничен формат, пренесува РИА Новости.

Најавено е дека за време на преговорите, рускиот претседател, кој допатува во дводневна официјална посета на Пекинг, има намера детално да разговара со Си Џинпинг за целиот спектар на билатерални односи и перспективи за нивниот развој, како и за меѓународните и регионалните проблеми, вклучувајќи ја и ситуацијата околу Украина, Блискиот Исток и азискиот регион.

Преговорите на високо ниво ќе продолжат во проширен формат со учество на делегации, а врз основа на нивните резултати страните ќе потпишат заеднички документи. Путин и Си Џинпинг планираат да усвојат и изјава за продлабочување на односите на сеопфатно партнерство и стратешка интеракција.

Подоцна комуникацијата меѓу лидерите ќе продолжи во неформална средина, наведува руската агенција. Се очекува Путин и Си да имаат приватни разговори, со чај и прошетка во паркот во близина на палатата.

Потоа за време на неформалната вечера преговорите ќе се одвиваат во потесен формат, а на лидерите ќе им се придружат и дел од делегациите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин во боите на виножитото, Бајден во инвалидска количка, Трамп во затворски комбинезон – Вештачката интелигенција и светските лидери на модната писта

(ВИДЕО) Путин направи грешка, за малку ќе предизвикаше сообраќајка

Горан Наумовски

Путин: Му благодарам на Моди за неговата посветеност за мирно решение на војната во Украина

Елитна делегација за воена обука oд Северна Кореја доаѓа во Русија

Гледаме дека во Киев се уште не се подготвени да се откажат од политиката на војна, вели Путин

Горан Наумовски

Путин: Подготвен сум да го слушнам ставот на европските партнери за прашањето за решавање на конфликти