Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштилe домовите од почетокот на војната

Од:

Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови од почетокот на војната, вклучително и повеќе од половина од детската популација во Украина, објави ОН. Од нив, 6,5 милиони луѓе се раселени во Украина, а 3,9 милиони се во соседните земји, изјави заменик-координаторот на ОН за хуманитарни прашања Џојс Мсуја.

Мсуја вели дека хуманитарната помош се зголемува секој ден и дека повеќе од 1.230 вработени во ОН работат со 100 хуманитарни организации низ Украина.

„Украина е хуманитарен парадокс: рамо до рамо со екстремното насилство, гледаме екстремна љубезност, длабока солидарност и грижа“, рече Мсуја, опишувајќи ја хуманитарната ситуација на терен. Таа рече дека првиот конвој на ОН пристигна во Суми на 18-ти март, испорачувајќи 130 тони медицински материјали, вода, готови оброци и конзервирана храна на 35.000 луѓе. Вториот конвој на ОН пристигна во Харков во понеделникот

„За да обезбедиме поголема хуманитарна поддршка, потребен ни е детален, реален договор за хуманитарни прекини на огнот и прекини за да се овозможи помошта да влезе и луѓето да си заминат“, рече таа. Таа додаде дека „ситуацијата во Украина е плодна почва за трговците со луѓе и предатори кои ја користат можноста што ја дава нестабилноста поради војната“.

„Хуманитарните организации се загрижени за ризикот од трговија со луѓе, како и за сексуалното насилство, експлоатација и злоупотреба во Украина и во регионот. Предаторите ги мамат самохраните родители со ветувања за превоз и сместување“, рече таа.

ОН велат дека ги зголемуваат услугите за заштита на Украинците кои бегаат од земјата и во земјата. Тие им обезбедуваат достапни информации за безбедни опции и рути, пристап до линии за помош и безбедно засолниште.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород