ВО ЖИВО: Русија забрани интервјуа со украинскиот претседател, Зеленски – Подготвени сме на разговор за неутралност

Од:

Кризата во Украина од минута во минута.

23:26 – Верешчук: Во двата денешни хуманитарни коридори од Украина евакуирани 1.100 цивили

Над 1.000 Украинци денеска се евакуирани преку двата договорени хуманитарни коридори, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

22:51 – Чавушоглу: Турција се надева дека разговорите во Истанбул ќе донесат мир во Украина

Турција се надева дека претстојните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, од утре до среда, ќе доведат до мир во Украина, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

21:28 – Зеленски: Подготвени сме на разговор за неутралност, на ненуклеарен статус со гаранции

Украина е подготвена да разговара за прифаќање на статусот на неутрална држава, како дел од мировниот договор со Русија, но за тоа се потребни гаранции од трета страна и потврда на референдум, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

21:21 – Маркарова: Русија е терористичка држава и ја води воен злосторник

Украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова денеска ја нарече Русија „терористичка држава предводена од воен злосторник“.

21:19 – Пасечник: Нема подготовки за референдум во ЛНР

Во моментов нема подготовки за одржување референдум за присоединување на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) кон Русија, изјави денеска лидерот на ЛНР, Леонид Пасечник.

21:16 – Анкета: Речиси половина Украинци подготвени да се борат против руската војска

Речиси половина од Украинците на возраст од 18 до 55 години се подготвени директно да учествуваат во борбата против руската агресија, покажа истражувањето на Норвешкиот институт, кој оценува дека мотивацијата е неверојатно висока.

19:47 – Русија забрани објавување интервјуа со Зеленски

Рускиот регулатор Роскомнадзор го забрани објавувањето на интервјуата на руските медиуми со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

19:41 – Шон Пен ќе ги стопи своите статуетки доколку Зеленски не зборува на церемонијата на доделување на оскарите

Актерот и режисер Шон Пен изјави дека „јавно“ ќе ги стопи статуетките од наградата Оскар што ги има добиено и ќе повика на бојкот на церемонијата доколку на украинскиот претседател Володмир Зеленски не му се даде можност да се обрати на настанот.

18:37 – Бајден: Украина никогаш нема да биде победа за Русија

„Еден диктатор со намера повторно да изгради империја никогаш нема да ја избрише љубовата на народот за слобода, бруталноста никогаш нема да ја сомеле неговата волја за слобода, Украина никогаш нема да биде победа за Русија“, напиша на Твитер претседателот на САД Џо Бајден.

18:25 – Борел: Во следните две години Европа ќе се откаже од рускиот гас

Во следните две години европските земји ќе можат да ги прекинат испораките на руски гас, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервју за „Скај Њуз Арабија“.

18:13 – Ле Дриан: Доколку не му се помогне на населението на Мариупол ќе следи „колективна вина“

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан, денеска изјави дека „доколку ништо не се преземе за да им се помогне на цивилите во Мариупол, ќе следи колективна вина“.

18:05 – Голем шумски пожар во рестриктивната зона околу нуклеарната централата Чернобил

Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите, изјави комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.

17:56 – Преговорите меѓу Украина и Русија од утре до среда ќе продолжат во Турција

Следната рунда директни разговори меѓу делегациите на Украина и Русија ќе се одржи во Турција од 28 до 30 март, напиша на социјалните мрежи украинскиот преговарач Давид Арахамија.

17:34 – Кулеба повика на бојкот на францускиот синџир на супермаркети „Ошан“

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска повика на бојкот на продавниците на „Ошан“, француски синџир на супермаркети во Русија, бидејќи оваа француска групација ги задржа своите деловни активности во Русија.

17:31 – УНХЦР: Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји

Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

16:14 – Николенко: Руски референдум на окупираните украински територии нема никаков правен основ

Украинските власти денеска соопштија дека рускиот референдум на окупираната украинска територија нема да има правен основ и дека Русија ќе се соочи со силен одговор од меѓународната заедница и дополнително ќе ја продлабочи својата глобална изолација.

15:31 – Официјална Москва бесна на изјавата на Бајден за Путин

Вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој во говорот во Варшава рече дека „Путин не може да остане на власт“, ​​предизвика гнев кај политичарите во Москва и е протолкувана како драматичен пресврт во надворешната политика на САД.

15:30 – Русија го блокираше пристапот до порталот Билд, најпопуларниот весник во Германија

Русија го блокираше пристапот до порталот Билд, најчитаниот германски весник, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости. Причината не е наведена.

15:03 – Папата го повтори апелот за прекин на борбите во Украина: Војната е варварски чин и сквернавење

Папата Франциск, во денешната редовна неделна беседа до верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, повторно апелираше за прекин на борбите во Украина и повика на преговори.

14:54 – Макрон предупредува на ескалација на ситуацијата по оценките на Бајден за Путин во Варшава

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека не сака да ги користи зборовите кои американскиот претседател Џозеф Бајден ги употреби за Владимир Путин, нарекувајќи го „касап“.

14:54 – Зеленски го обвини Западот за недостаток на храброст

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини Западот за недостаток на храброст додека неговата земја се бори, како што рече, да ја спречи руската инвазија.

13:57 – Шеф на украинско разузнавање: Русија се обидува да создаде Северна и Јужна Кореја во Украина

Русија се обидува да ја подели Украина на два дела за да создаде регион под контрола на Москва откако не успеа да ја окупира целата земја, изјави шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.

12:56 – Анкара: Турција и другите земји мора да разговараат со Русија за да помогнат да се стави крај на војната во Украина

Турција и другите држави сепак мора да разговараат со Русија за да помогнат да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, пренесува Скај њуз.

12:16 – Лидерот на сепаратистите во Луганск: Мислам дека во блиска иднина ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија

Проруската самопрогласена „Народна Република Луганск“ на истокот на Украина наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија, рече лидерот на сепаратистите во Луганск, Леонид Пашечник во изјава за локалните медиуми.

11:40 – Ветеран на американската дипломатија: Бајден ја направи опасната ситуација уште поопасна

Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој во вчерашниот говор во Варшава рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“, ​​предизвика остри критики од ветеранот на американскиот дипломат Ричард Хас, пренесува Би-Би-Си.

11:19 – Блинкен: САД нема стратегија за промена на режимот во Москва

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен изјави дека „Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва“.

10:57 – Британското разузнавање: Украинските контранапади ги спречуваат Русите да се прегрупираат

Објавен е нов извештај на британското воено разузнавање. Во извештајот се вели дека бојното поле низ северна Украина „се уште е главно статично“.

10:49 – ВИДЕО: Зошто Белата куќа интервенираше веднаш по говорот на Бајден во Варшава

„Овој човек не може да остане на власт“, ​​изјави вчера американскиот претседател Џо Бајден за рускиот претседател Владимир Путин во последните моменти од неговиот говор во Варшава.

10:32 – (ВИДЕО) Русија објави снимка од вчерашниот напад: Со крстосувачки ракети уништивме воени цели во Лавов

Руското Министерство за одбрана се огласи за вчерашниот ракетен напад врз Лавов, град во западниот дел на Украина.

10:18 – Украина: Руските војници во Белорусија менуваат гориво за алкохол

Украинското Министерство за одбрана утрово објави информација за корупција меѓу руските војници стационирани во соседна Белорусија.

09:54 – За денеска договорени два хуманитарни коридори во Украина

Според вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук за денеска се договорени два хуманитарни коридори, пренесува Скај Њуз.

09:25 – Во Украина досега убиени 12 новинари

Дванаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската агресија, објави украинската државна обвинителка на својата Фејсбук страница.

09:21 – Велика Британија: Може да се укинат санкциите против олигарсите доколку Русите се повлечат

Санкциите против руските олигарси, банки и компании би можеле да бидат укинати доколку рускиот претседател ги повлече своите сили од Украина и вети дека повеќе нема да напаѓа, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

08:57 – Зеленски: Одговорот кон руските сили ќе биде само еден – омраза и презир

Украинскиот претседател Володомир Зеленски објави ново видео во кое и се обрати на домашната и светската јавност.

08:38 – Уапсен маж во Лавов, осомничен дека е руски шпион

Украинската полиција вчера уапси маж осомничен за шпионажа. Регионалниот гувернер Максим Козицки рече дека човекот снимал ракета која летала кон целта во Лавов и моментот на ударот.

08:17 – Путин до војниците кои војуваат во Украина: Другари, борбата носи зголемен ризик

Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на војниците кои се борат во Украина по повод Денот на националната гарда и им рече дека „борбата вклучува зголемен ризик“, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

08:14 – Скај њуз: Чернихив може да стане новиот Мариупол

Чернихив, град во северна Украина, е опколен од страна на руските сили. Градоначалникот утринава изјави дека во градот има 44 тешко повредени, од кои три деца, кои не може да се евакуираат.

08:10 – УНИЦЕФ: Секое второ дете во Украина го напуштило својот дом

Децата во Украина се соочуваат со страшна ситуација, при што секое второ морало да го напушти својот дом, изјави портпаролот на УНИЦЕФ за Би-Би-Си.

08:08 – Американскиот државен секретар најави нова помош за Украина во износ од 100 милиони долари

Американскиот државен секретар Антони Блинкен синоќа соопшти дека САД имаат намера да обезбедат „дополнителни 100 милиони американски долари цивилна безбедносна помош“ за Украина.

08:06 – Градски власти: Децата во Мариупол гладуваат

Заменикот-градоначалник на опколениот украински град Мариупол, Сергеј Орлов, изјави дека луѓето почнуваат да умираат од глад и дехидрација, бидејќи резервите на храна и вода се при крај, а хуманитарната помош не е овозможена.

08:04 – Уништени околу 4.500 станбени згради, изјави украински министер

Русија уништи околу 4.500 станбени згради, 100 компании, 400 образовни институции и 150 медицински установи во Украина, изјави украинскиот министер за комуникации и триторијален развој Олексиј Чернишов.

08:03 – Лондон го советува Киев за преговорите со Русија

Британските власти ги советуваат украинските власти во преговарачкиот процес со Русија. Ова го изјави министерката за надворешни работи на Велика Британија Лиз Трас во интервју за Дејли Телеграф.

08:02 – Зеленски имал телефонски разговор со бугарскиот премиер

Претседателот на Украина Володомир Зеленски во објава на Твитер соопшти дека остварил телефонски разговор со премиерот на Бугарија Кирил Петков, пренесува БГНЕС.

07:59 – Преку хуманитарни коридори вчера евакуирани 5.200 луѓе, а Мариупол го напуштиле 4.000

Преку хуманитарните коридори вчера се евакуирани 5.200 луѓе, соопшти украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

27/03/2022

23:36 – Украина: Русите пукаат во нуклеарен истражувачки реактор

Украинскиот парламент на Твитер објави дека руските сили пукаат во нуклеарната истражувачка централа во Харков.

23:35 – Руските ракети кон Лавов се порака до Бајден, вели градоначалникот

Градоначалникот на Лавов Андриј Садовји изјави дека денешното ракетирање на складиштето за гориво во тој град е „руски поздрав до Бајден“.

20>52 – Руски политичар бара „денацификација“ на уште шест држави, четири од нив членки на НАТО

Сергеј Савостјанов, член на Руската комунистичка партија и претставник во локалното собрание во поширокиот московски регион, на вчерашната парламентарна седница предложи Русија да „денацифицира“ уште шест земји – Казахстан и Молдавија и четири членки на НАТО – Полска, Литванија, Латвија и Естонија.

20:37 – Белата куќа ја појаснува изјавата на Бајден за смена на Путин

„Поентата на претседателот беше дека на Путин не може да му се дозволи да има власт над соседите или во регионот. Тој не го коментираше владеењето на Путин во Русија или промената на режимот“, изјави претставник на Белата куќа за Волстрит Џурнал.

19:41 – Илјадници Руси протестираа против Путин

Илјадници, претежно руски, демонстранти се собраа денеска во центарот на Прага за да протестираат против претседателот Владимир Путин, повикувајќи го да стави крај на војната во Украина.

19:39 – Радев: Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина

Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина, беше одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на новинарската констатација дека само Унгарија и Бугарија не дале оружје за Украина.

18:59 – Сè поверојатно е Русија да употреби нуклеарно оружје, оцени јапонскиот премиер

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека се зголемува веројатноста Русија да употреби нуклеарно оружје. Тој го изјави ова за време на посетата на американскиот амбасадор на Хирошима, првиот град во историјата во кој е детонирана атомска бомба.

18:55 – Украина и ги нуди на ЕУ сопствените капацитети за складирање на енергетски резерви

Украина ги нуди сопствените складишта заприроден гас за складирање на стратешките енергетски резерви на Европската унија, соопшти денеска украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

18:43 – ВИДЕО: По масовните протести, руските сили се согласиле да го напуштат Славутич, но под неколку услови

Руските се согласија да го напуштат украинскиот град Славутич по масовните протести на Украинците. Руската војска денеска влезе во Славутич, град во близина на нуклеарната централа Чернобил.

18:41 – (ВИДЕО) Бајден го нарече Путин касап, експресно одговори Москва: Бараше бомбардирање на Југославија, а веројатно е и болен

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е изненаден од обвинувањата на американскиот претседател Џо Бајден до Владимир Путин, нарекувајќи го „касап“.

17:47 – Градоначалникот на Чернихив вели дека градот е целосно уништен

Градоначалникот на Чернихив изјави дека овој северен украински град е уништен од руските војници.

17:46 – Кулеба по средбата со Бајден: Американско оружје и украинска издржливост е рецептот за успех

По средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Варшава, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека американската страна ветила дополнителна помош во оружје и опрема.

16:59 – Повеќе членки на НАТО поддржуваат мировна мисија во Украина тврди полскиот премиер

За време на посетата на Брисел, полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека расте бројот на членки на НАТО кои поддржуваат распоредување на мировна мисија предводена од НАТО во Украина.

16:49 – ВИДЕО: Силни експлозии во Лавов

Силни експлозии се слушаат во Лавов јавува Ројтерс. Се гледа густ облак чад што се издига над градот. Лавов е град на запад на Украина, недалеку од границата со Полска.

15:16 – Велика Британија му конфискуваше два авиони на руски олигарх

Британската влада заплени два приватни авиони во сопственост на рускиот олигарх и нафтен тајкун Јуџин Швидлер.

15:08 – Бајден: Путин мислеше дека ќе го подели НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден за време на разговорите со полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека мирот во Европа е директно поврзан со стабилноста во САД.

15:00 – Рускиот генерал Јаков Резанцев е убиен во близина на Херсон

Генерал-полковник на руската армија Јаков Резанцев е убиен во напад во близина на јужниот град Херсон, соопшти украинското Министерство за одбрана.

14:49 – Русите ги гранатираат предградијата на Киев објави воената управа на главниот град

Воената администрација на регионот Киев соопшти дека предградијата западно и источно од главниот град биле изложени на руско гранатирање во последните неколку часа и дека руските сили се зацврстуваат во неколку области.

14:21 – Кличко го откажа продолжениот полициски час во Киев

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко го откажа продолжениот полициски час планиран за главниот град.

13:38 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од уништување на противракетен систем кај Киев

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили со високопрецизно ракетно оружје го уништиле украинскиот противвоздушен ракетен систем Бук во регионот на Киев.

13:28 – Русите зазедоа уште еден град, во Мариупол се водат улични борби

Руските сили го зазедоа Славутич, градот во кој беа сместени работниците на изгаснатата нуклеарна централа Чернобил, изјави гувернерот на киевската област Олександр Пављук.

12:26 – Кулеба и Резников во Варшава ја имаа првата директна средба со Блинкен и Остин

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја имаа првата заедничка средба со нивните американски колеги во Полска.

12:15 – Кличко: Во Киев од вечерва до понеделник наутро повторно ќе има полициски час

Во Киев од вечерва до понеделник наутро повторно ќе биде воведен полициски час, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

11: 51 – (ВИДЕО) Зеленски: Ниту една држава во светот нема да биде поштедена од неисгурноста во снабдувањето со храна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика извозниците на енергенси да го зголемат производството и на тој начин да ја спречат Русија да го „уценува“ светот со гас и нафта, на кој му се заканува и глад и нуклеарна војна доколку руската воена машина не запре.

11: 45 – Во Украина за денеска договорени 10 хуманитарни коридори

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека денеска е постигнат договор за десет хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од опколените украински градови и градови.

11:16 – Штетата врз украинската инфраструктура досега изнесува 63 милијарди долари

Русија на 24 февруари го почна нападот врз Украина, а експертите од Киевската економска школа ја соопштија анализата во која се наведува дека украинската инфраструктура претрпела штета од 62,88 милијарди долари.

10:58 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од министерот за одбрана за кој Украинците тврдат дека имал срцев удар

Руското Министерство за одбрана објави видео од својот министер Сергеј Шојгу, за кого Украинците рекоа дека имал срцев удар и на тој начин се обидоа да ги побијат овие тврдења.

10:53 – Во Хрватска откриена јахта на сопругата на руски олигарх

Ирина Ву, 35-метарската јахта на сопругата на санкционираниот руски олигарх Алишер Усманов, која во понеделникот ја откри хрватскиот портал „Оштро“, моментално е на копно во близина на марината Бетина на островот Муртер.

10:37 – Бајден денеска во Варшава ќе присуствува на средбите меѓу Блинкен и Остин со Кулеба и Резников

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Варшава ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на САД, Ентони Лојд Остин и нивните украински колеги Дмитро Кулеба и Алексеј Резников.

10:34 – Украинците нарекоа руски генерал – Џелатот на Мариупол: „Го гранатираше породилиштето“

Украински официјални лица обвинија висок руски воен челник за голем дел од најтешките злосторства во војната во Украина, вклучително и гранатирање на породилиште, нарекувајќи го „Џелатот на Мариупол“.

10:28 – Зеленски ги повика земјите производители да го зголемат производството на енергенси за Русија да не го уценува светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика земјите производители на енергени да го зголемат своето производство, за Русија да не може да го користи своето богатство од нафта и гас за, како што рече, „уценување“ на другите народи.

10:11 – Зеленски: Руските сили досега оштетија најмалку 59 верски објекти во Украина

Руските сили во текот на 31-дневната инвазија врз Украина досега оштетија најмалку 59 духовни локации, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето виртуелно обраќање до учесниците на 20. Форум во Доха, јави Укринформ.

09:32 – Лубкиевски за Си-eн-eн: Припадници на групата „Вагнер“ се обиделе да ги убијат украинскиот претседател Зеленски и премиерот Шмихал

Советник на украинскиот министер за одбрана, Маркијан Лубкиевски, изјави за Си-eн-eн дека озлогласената руска воена група „Вагнер“ била вмешана во наводен заговор за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал.

09:11 – Нови фотографии од цивили кои бегаат од Мариупол

Нови фотографии од цивили кои бегаат од Мариупол пристигнуваат од Украина.

08:46 – Макрон: Нема причина да прифатиме рускиот гас да се плаќа во рубљи

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека нема причина да се прифати барањето на Русија за плаќање на рускиот гас во рубли.

08:36 – Од почетокот на руската инвазија врз Украина убиени 136 деца

Од почетокот на руската инвазија врз Украина досега загинале 136 деца, се наведува во соопштението на Украинското државно обвинителство, што беше лиферувано преку апликацијата Телеграм, пренесоа британските медиуми.

08:16 – Британското разузнавање: Русија ќе продолжи со гранатирање, не сакаат да загубат уште повеќе луѓе

Министерството за одбрана на Велика Британија објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина. Тие пишуваат дека Русија се уште опколува голем број големи украински градови, меѓу кои Харков, Чернихив и Мариупол.

08:12 – Украинска армија: Соборивме 3 руски авиони и 3 беспилотни летала

Во својот утрински извештај, Генералштабот на вооружените сили на Украина вели дека украинските војници продолжуваат да ги одбиваат нападите на руските сили врз главниот град Киев.

08:09 – Сирени за тревога во Украина

Сирените за воздушни напади се огласија во многу градови низ Украина, објавија локалните медиуми.

07:42 – Медведев: Западните санкции ќе го консолидираат руското општество

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на ОН, Дмитриј Медведев, изјави дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај владата, пренесуваат британските медиуми.

07:39 – Макрон: Франција, Турција и Грција планираат евакуација на населението од Мариупол

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека заедно со Турција и со Грција планираат „хуманитарна операција“ за евакуација на луѓето од украинскиот разурнат град Мариупол.

07:38 – Герашченко: Шојгу преживеа срцев удар

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко на Фејсбук објави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу имал срцев удар.

07:37 – Зеленски: Русија изгуби повеќе од 16.000 војници во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија од почетокот на инвазијата изгубила над 16.000 војници.

07:37 – Инспектори на Интерпол пристигна во Молдавија поради обвинувања за трговија со украински бегалци

Интерпол во Молдавија испрати свој тим поради загриженост од опасноста за трговија со луѓе, откако во земјата пристигнаа голем број бегалци од Украина.

26/03/2022

 

22:59 – Путин потпиша Закон за одговорност за лажни информации

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го потпиша Закон за кривична одговорност за лажни информации за руски државни органи кои работат во странство.

22:18 – Руските сили нападнаа центар за рехабилитација за деца во Мариупол

Градскиот совет на Мариупол тврди дека руските сили го уништиле центарот за рехабилитација за деца во опколениот и разурнат град Мариупол.

20:47 – „Спотифај“ се повлекува од Русија

Популарниот стриминг сервис „Спотифај“ се повлекува од Русија поради новите руски закони кои предвидуваат затворски казни за емитување информации за војната во Украина, кои отстапуваат од официјалните најави на руското Министерство за одбрана.

20:19 – Бела куќа: Правиме план во случај Русија да го нападне НАТО

САД и сојузниците во НАТО прават планови во случај Русија да нападне некоја територија на Алијансата, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

19:49 – Данилов: Украинските сили и натаму го контролираат Мариупол, нема да го предадат

Украинските сили продолжуваат да го контролираат опколениот јужноукраински пристанишен град Мариупол, изјави висок функционер на украинската безбедност Олексеј Данилов.

18:17 – Мицотакис: Треба да бидеме многу внимателни со мерките за да не ни наштетат нас повеќе отколку на Русија

Воведовме важни санкции за Русија, но во енергетиката, треба внимателност за мерките што ги преземаме, за да не ни штетат нас повеќе отколку на Русија, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Си-Ен-Ен, јави дописничката на МИА од Атина.

16:34 – ВИДЕО: Принудно слета авионот со полскиот претседател

Авионот со полскиот претседател Анджеј Дуда, кој леташе кон градот Жешов каде шефот на полската држава требаше да се сретне со американскиот колега Џо Бајден, се врати во Варшава.

15:50 – Москва: Убиени 1.351 руски војник, главна цел е ослободување на Донбас

Руската армија денеска првпат од почетокот на месецов соопшти колку нејзини припадници загинале во инвазијата врз Украина. Русија извести дека загинале 1.351 војник, а 3.825 се повредени, додека Украинците тврдат дека убиле над 15.000.

15:46 – Бајден пристигна во Полска и вети дека САД ќе помогнат и воено и хуманитарно во украинската криза

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигна во Жешов, град во Полска, за од прва рака да ги види меѓународните напори за помош на милиони Украинци кои бегаат од војната во оваа земја и да ги посети американските трупи кои го зајакнуваат источното крило на НАТО.

15:10 – Путин ги спореди санкциите кон руската култура со нацистичкото палење книги

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го спореди отстранувањето на руските уметници од културните програми во некои западни земји со палењето книги од страна на нацистите.

14:51 – ОН: Масовните гробници во Мариупол може да имаат и до 200 тела

Гранатирањата врз Мариупол се толку тешки што локалните власти проценуваат дека околи 80 проценти од градбите се уништени или тешко оштетени.

14:43 – Фајненшл тајмс: Путин лично го одобри вклучувањето на Абрамович во руските мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин лично го одобри учеството на Роман Абрамович во мировните преговори на Русија со Украина, објави Фајненшл тајмс.

14:09 – Русија го обвини Западот за „тотална војна“

Западот објави „тотална војна“ против Русија со својот најнов бран санкции, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

13:50 – „Штутгартер Цајтунг“: Компанијата „Северен тек 2“ оди во стечај

Компанијата „Северен тек 2“, задолжена за истоимениот гасовод меѓу Русија и Германија, наскоро ќе покрене стечајна постапка, изјави лидерот на компанијата Матијас Варниг за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“.

13:42 – Ердоган денеска ќе разговара со Зеленски, а во викендот со Путин

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган најави дека во текот на денот ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а во текот на викендот со рускиот претседател Владимир Путин, јавува турската агенција Анадолија.

13:21 – Песков: Русија никогаш не ги прекршила меѓународните конвенции

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија никогаш не ги прекршила меѓународните конвенции за употреба на забрането оружје.

13:01 – Се укинува возот од Хелсинки до Санкт Петербург една од последните врси на Русија со ЕУ

Финската државна железничка компанија информираше дека од почетокот на идната недела го прекинува сообраќајот меѓу Хелсинки и рускиот град Санкт Петербург, затворајќи ја за Русите една од последните транспортни врски со Европската унија.

11:31 – Најавени нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол

Нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол најави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

11:10 – Централната банка на Русија одговори на замрзнувањето на резервите, воведе ограничувања на Западот

Русија примени реципрочна мерка и го ограничи готовинскиот тек кон „непријателските земји“ како одговор на замрзнувањето на дел од нејзините резерви, соопшти денеска руската централна банка.

10:37 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од мистериозното оружје со кое ја гаѓаат Украина

Руското Министерство за одбрана објави снимка на која како што тврдат се прикажани нападите на Искендер врз базата на вооружените сили на Украина за обука на странски платеници.

10:37 – Медведев: Глупаво е да се верува дека санкциите од Западот можат да влијаат на руската влада

„Глупаво“ е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во Москва, изјави поранешниот руски претседател и заменик претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

09:35 – Според британското разузнавање Украинците ги вратиле градовите источно од Киев

Украинските сили ги вратија градовите и одбранбените позиции на 35 километри од Киев, соопшти британското разузнавање.

09:28 – Украина соопшти дека 135 деца се убиени од почетокот на инвазијата

Украинското обвинителство соопшти дека 135 деца се убиени, а 184 се ранети од почетокот на руската инвазија на Украина.

08:34 – Украина: Го уништивме Саратов, голем брод со 20 тенкови и 400 војници

Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот Саратов, а не Орск, како што беше претходно информирано.

08:34 – Според Обединетите нации исчезнуваат Украинци во областите под контрола на Русија

Има Украинци кои се приведени и исчезнуваат во областите под контрола на Русија, изјавија од Обединетите нации за Би-Би-Си.

08:30 – Антонов: Никој нема да ги фрли Русите на колена

Со санкциите на САД против Русија нема да се постигне целта за поткопување на економијата на земјата, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

08:28 – Европскиот совет до Русија: Воените злосторства мора да запрат

Европскиот совет ја повика Русија веднаш да ги запре своите воени злосторства во Украина.

08:07 – Австралија воведе санкции за Лукашенко и за неговто семејство

Австралија воведе санкции против белорускиот претседател Александер Лукашенко, поради поддршка за руската инвазија врз Украина. Ова се наведува во денешното соопштение на австралиското Министерство за надворешни работи.

08:05 – Според Институтот за проучување на војната Русите напредуваат во Мариупол

Институтот за проучување на војната од Вашингтон соопшти дека руските сили постигнале напредок во опколениот јужен град Мариупол, влегувајќи во централното подрачје на градот на 24 март.

07:55 – (ВИДЕО) Драматично обраќање на Зеленски до Европа: Благодарам за санкциите, но предоцна е

Украинскиот лидер Володимир Зеленски им се обрати на шефовите на држави на самитот на Европскиот совет во Брисел.

25.03.2022

21:41 – Бајден: Кина е свесна за економските последици ако евентуално ја помогне Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека верува оти Кина е свесна за потенцијалните страшни економски последици што би настанале доколку Пекинг и пружи помош на Русија.

21:05 – Украина и Русија разменија затвореници

Русите и Украинците денеска разменија затвореници, соопштија украински и руски претставници.

– Во замена за десет заробени окупатори, вративме десет наши војници, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, наведувајќи дека ова е прва вистинска размена на воени заробеници со Русија од почетокот на руската офанзива врз Украина.

19:51 – Во Софија и повеќе бугарски градови се одржаа мирни протести за поддршка на Украина 

Најмалку 20.000 луѓе се собраа вечерва на Плоштадот на независноста во Софија на марш за поддршка на Украина, јави дописникот на МИА од Софија.

19:47 – Ердоган: Русија и Украина се согласуваат за технички прашања, но не и за Крим

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Киев и Москва се согласуваат за техничките прашања во мировните преговори, но додаде дека двете страни се уште се поделени кога станува збор за територијални прашања како што е Крим.

18:48 – Макрон: Западот е подготвен за нови санкции против Русија

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија.

17:30 – Генералното собрание на ОН усвои резолуција за заштита на цивилите во Украина

Генералното собрание на Обединетите нации денеска со големо мнозинство усвои резолуција со која се бара пристап до помош и заштита на цивилите во Украина и ја критикуваше Русија за создавање „тешка“ хуманитарна ситуација.

17:10 – Киев: 1.800 руски воздушни напади во Украина од почетокот на инвазијата

Руските сили извршиле повеќе од 1.800 воздушни напади во Украина од почетокот на руската инвазија пред еден месец.

16:54 – Осигурителната компанија „Лојдс“ очекува големи барања за отштета поради војната во Украина

Лондонски „Лојдс“ во четвртокот објави дека годинава ќе се соочи со голем број барања за компензација на штета, поврзани со руската инвазија во Укрaина, истакнувајќи ја авијaцијата меѓу погодените сектори.

15:51 – Бајден: Испраќаме оружје од една милијарда долари во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска на самитот на НАТО во Брисел најави дека САД ќе и испратат на Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од една милијарда американски долари.

15:10 – Столтенберг: Хемиското оружје „целосно ќе ја промени природата на конфликтот“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази загриженост дека Русија се обидува да ги обвини Украина и нејзините сојузници дека се подготвува да употреби хемиско оружје, и вели дека обвинувањето на другите е начин да се создаде изговор да го направат истото и самите.

14:49 – Столтенберг останува шеф на НАТО уште една година поради војната во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе остане на функцијата уште една година поради војната во Украина, соопшти денеска Алијансата.

14:14 – ВИДЕО: Украинците објавија снимка од уништувањето на рускиот воен брод

Уништен е руски брод во окупираниот пристанишен град Бердјанск, соопштија украинските власти.

13:31 – Украинското знаме подигнато во Херсон, градот окупиран од Русија

Градоначалникот на украинскиот град Херсон, окупиран од Русија, Ихор Колихајев, објави фотографии од долго украинско знаме поставено на ѕидот на градското собрание.

13:05 – Абрамович бил дел од првата фаза преговори меѓу Русија и Украина

Санкционираниот олигарх Роман Абрамович имал улога во мировните преговори меѓу Русија и Украина, тврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

13:04 – Столтенберг: Обединети сме

Обединети сме во осудувањето на неиспровоцираната агресија на Кремљ и во нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во воведниот говор на денешниот самит на НАТО.

13:03 – (ВИДЕО) Зеленски до НАТО: Бараме неограничена воена помош, Русија употреби фосфорни бомби

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во денешното обраќање преку видео-линк на НАТО Самитот во Брисел ја обвини Русија дека при инвазијата на неговата земја употребила фосфорни бомби.

12:41 – Британија воведува нови санкции за Руси, на удар и поќерката на Лавров

Велика Британија најави 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Покрај Вагнер групата, платениците кои рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, ги ангажирал за да го убијат неговиот украински колега, Володимир Зеленски, меѓу нив е и државната компанија Руски железници.

11:07 – Анкета: Седум од десет Грци против Русија во војната со Украина, но и против одлуката за испраќање оружје

Седум од десет Грци се против Русија во војната со Украина, речиси шест од десет има негативни чувства за Русија, исто толку ги поддржуваат санкциите за Москва, а 66 отсто не се согласуваат со одлуката на грчката Влада да испрати воен материјал и оружје за украинската војска, покажуваат резултатите од двете нови истражувања на јавното мислење во Грција спроведени од агенциите „Metron analysis“ и „Marc“ за грчките телевизии „Мега“ и „Антена“

10:57 – (ВИДЕО) Русите објавија снимка: Ги уништуваме украинските системи за воздушна одбрана

Руското министерство на Твитер објави видео за кое тврди дека го прикажува уништувањето на украинските системи за воздушна одбрана со „исклучително прецизна муниција“.

10:40 – Украинската армија тврди дека уништила брод на руската морнарица во Бердјанск

Во објава на Фејсбук, морнарицата на Украина соопшти дека голем десантен брод – „Орск“ – утрово бил погоден и запален во Азовското Море.

10:37 – Москва: Руските трупи го зазедоа украинскиот град Изјум

Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола“ врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

10:30 – Борел: Русија не сака преговори, сака да ја одвои Украина од морето

Руската влада засега не сака да склучи примирје бидејќи не ги постигнала своите воени цели, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

09:47 – ВИДЕО: Нови снимки од хаосот во уништениот Мариупол

Нова снимка од опколениот Мариупол го прикажува пустошот на украинскиот град, со напуштени улици полни со шут, разнесени автомобили и уништени згради.

09:30 – Руски дипломат: Путин ќе го користи нуклеарно оружје ако НАТО провоцира

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН вели дека Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје доколку НАТО ја „провоцира“ земјата.

09:29 – Борис Џонсон: Зеленски е како Черчил

Пред да замине на самитот во Брисел, британскиот премиер Борис Џонсон гостуваше во британското радио, каде рече дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја преминал црвената линија.

08:54 – Во Мариупол во редици се чека за леб

Десетици Украинци чекаа ред за храна и други потреби во делот на Мариупол, кој е под руска контрола.

08:52 – Столтенберг: Русија направи голема грешка кога ја нападна Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово пред самитот во Брисел изјави дека Русија направила голема грешка со инвазијата врз Украина.

08:39 – Свиркач тврди дека Руските агенти се незадоволни поради санкциите, расте ризикот од пуч против Путин

Ризикот од државен удар на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) против претседателот Владимир Путин секоја недела расте додека војната во Украина продолжува, изјави свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба, пренесува „Гардијан“.

08:33 – Анонимус ја хакираа централната руска банка

„Повеќе од 35.000 датотеки ќе бидат објавени во рок од 48 часа, а ќе бидат објавени и тајните договори“ – велат од Анонимус.

08:13 – (ВИДЕО) Зеленски: Ќе знаеме кои ни се пријатели, а кој не предал за пари

08:08 – Во животот се е можно освен ЕУ да го отфрли рускиот гас вели вицепремиерот на Русија

Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, изјави потпретседтаелот на руската влада Александар Новак во интервју за „Русија 1“.

08:07 – Советот за безбедност на ОН не ја изгласа руската резолуција за Украина

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа не ја одобри руската резолуција во која се нагласуваат растечките хуманитарни потреби на Украина, но без да се спомене руската инвазија што ја предизвика кризата.

08:05 – На Јапонија не и е јасно како Русија ќе ја наплаќа енергијата во рубљи

Јапонија сè уште не е сигурна како Русија ќе го спроведе своето барање за плаѓање во рубљи за нејзината енергија продадена на „непријателските“ земји, изјави министерот за финансии Шуничи Сузуки.

08:02 – Вонреден лидерски состанок на НАТО за ситуацијата во Украина

Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО се состануваат денеска во Брисел за да ги координираат следните одговори на војната во Украина и руската агресија.

07:58 – (ВИДЕО) Градоначалникот на Чернихив објави снимка од градот: Овде е комплетен масакр

24/03/2022

Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко објави видео од автомобил кој минува низ градот и на кое се гледаат целосно уништени куќи, додека од некои од нив се уште излегува густ чад.

21:50 – Захарова: Полска не им дозволува на бегалците од Украина да пристигнат во Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска ја обвини Полска дека ги спречува бегалци од Украина да пристигнат во Русија.

21:00 – При бомбардирање на Киев загина руска новинарка

Руска новинарка Оксана Баулина денеска загина при бомбардирањето на Киев.

Оксана Баулина работеше за независен портал во Русија „Инсајдер“, кој најмногу известувал за корупција во руската Влада.

20:32 – Терехов: Во гранатирањата на Харков уништени 1.000 станбени згради

Во гранатирањата на Харков, вториот по големина град во Украина, досега се уништени над 1.000 станбени згради, изјави градоначалникот Ихор Терехов.

20:06 – СЗО: Досега 64 напади врз здравствени установи во Украина

Светската здравствена организација (СЗО) досега потврди извршени 64 напади врз здравствени установи во Украина, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

19:01 – Осудена кампањата за дезинформации на руската Амбасада во Франција за агресијата врз Украина

Жерар Лонге, претседател на меѓупарламентарната група за пријателство Франција-Русија, остро ги осудува овие соопштенија на руската Амбасада, упатени до парламентарците и дистрибуирани на социјалните мрежи.

18:53 – Медведев: САД прават планови за дестабилизација на Русија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој моментално е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ги обвини САД дека прават планови за дестабилизација на Русија и скицираат сценарио кое води до нуклеарна војна.

18:22 – Прва проценка на НАТО: Во Украина досега загинале меѓу 7.000 и 15.000 руски војници

Алијансата денеска излезе со првична проценка дека во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници.

16:13 – ВИДЕО: Објавена снимка од воздух од уништениот Мариупол

На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон.

15:33 – Франција замрзна 800 милиони евра на руски олигарси

Француските власти замрзнаа имот од 800 милиони долари во сопственост на руски олигарси како дел од санкциите по руската инвазија на Украина, изјави денеска за новинарите во Париз портпаролот на француската влада Габриел Атал.

15:25 – Италија бара ЕУ да се осигура дека Кина ќе посредува за мир во Украина

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави денеска дека Европската унија мора да комуницира со Кина, со цел да се осигура дека работи на посредување за мир во Украина и да престане да ја поддржува руската инвазија.

15:24 – Бајден: Постои сериозна закана дека Русија ќе употреби хемиско оружје против Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска замина за Европа, каде ќе учествува на самитот на НАТО и ќе ја посети Полска, а пред тргнување на пат накратко ја искоментира можноста Русија да употреби хемиско оружје против Украина.

15:02 – Руските војници во Украина добија статус на воени ветерани

Државната Дума денеска усвои закон со кој на учесниците во „воената операција“ во Украина им се доделува статус на воени ветерани.

14:51 – Белорусија протерува украински дипломати

Бројот на украински дипломати во Белорусија ќе се намали на пет, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.

14:44 – Активисти на Гринпис протестираат против увозот на руска нафта во ЕУ

Активисти на Гринпис протестираа денеска пред голем руски танкер во Балтичкото Море против увозот на руска нафта во ЕУ, за кој организацијата за заштита на животната средина тврди дека ја финансира војната во Украина.

14:42 – Папа Франциск: Војната во Украина покажа дека човештвото мора да го отфрли чудниот инстинкт за самоуништување

Папата Франциск денеска изјави дека војната во Украина покажа дека човештвото мора да го отфрли чудниот инстинкт за „самоуништување“ и дека купувањето повеќе оружје не е конечно решение за каков било конфликт.

14:42 – Москва: Испраќање меѓународни мировни сили во Украина би било „многу непромислено“

Официјална Москва денеска го осуди „непромислениот“ предлог на Полска за испраќање меѓународни мировни сили во Украина и предупреди дека тоа може да доведе до директен конфликт меѓу руските војници и силите на НАТО.

14:21 – Џонсон: Сојузниците мора да обезбедат дополнителна одбранбена воена помош за Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон на денешниот владин состанок се заложи за обезбедување поголема воена помош за Украина.

14:20 – Блумберг: Рускиот специјален пратеник Анатолиј Чубајс поднесе оставка поради противењето на војната во Украина

Специјалниот пратеник на рускиот претседател за односи со меѓународните организации, Анатолиј Чубајс, поднесе оставка од функцијата и ја напушти Русија, пишува Блумберг.

14:19 – Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.

14:06 – Нестле нема да продава некои производи во Русија

Нестле престанува да продава дел од своите производи во Русија.

13:55 – Анкета: Две третини од српските граѓани сметаат дека САД и НАТО се виновни за војната во Украина

Дури две третини од српските граѓани или 61 отсто сметаат дека за војната во Украина се виновни САД и НАТО, додека 4,5 отсто од нив сметаат дека е виновна Украина, а 3,5 отсто сметаат дека е виновна Русија

13:36 – Украинците објавија дека убиле над 15 илјади руски војници

Украинското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи објави податоци за руските загуби.

13:33 – Украинците објавија фотографија: Русите користат забранет бел фосфор

Градоначалникот на Ирпин, град во близина на Киев, тврди дека руските сили синоќа користеле забранет бел фосфор.

13:20 – Ди Цајт: Шолц му порача на Путин да не користи биолошко или хемиско оружје

Во директен разговор, германскиот канцелар Олаф Шолц го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи биолошко или хемиско оружје во Украина, објави денеска весникот Ди Цајт.

13:18 – Зеленски бара од Јапонија да го зголеми притисокот на санкциите врз Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од Јапонија да го зголеми притисокот на санкциите врз Русија со воведување трговско ембарго на руски стоки.

12:44 – Украина тврди: Убивме уште еден важен руски командант

Украина, наводно, убила уште еден важен руски командант, објавија локалните медиуми, цитирајќи објава на Телеграм од портпаролот на армијата на Одеса, Сергеј Братчук.

12:36 – Нови сателитски снимки од Мариупол, градот изгледа страшно

Maxar Technologies објави нови сателитски снимки од украинскиот град Мариупол, кој руските сили френетично го бомбардираат и гранатираат со недели.

12:26 – Јанша испраќа воено дипломатска мисија во Киев во знак на поддршка за Украина

Словенечката влада не успеа да натера дипломат да замине во Киев како привремен вршител на должност на амбасадата во Украина, па функцијата ќе ја преземе потполковникот на словенечката армија, објавија денеска словенечките медиуми.

12:24 – ВИДЕО: Пукање додека пожарникарите гасат пожар во Киев

Додека украинските пожарникари гасат пожар во Киев се слушаат истрели.

12:09 – Москва соопшти дека планира поврзување на областите под руска контрола во Украина

Официјален претставник на руските власти денеска отворено соопшти дека една од главните воени цели на Москва е да се заземе пристанишниот град Мариупол и на тој начин да се поврзат сепаратистичките региони во Украина, јави ДПА.

12:02 – Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај

Гари Каспаров, познат шаховски велемајстор, продемократски активист и еден од лидерите на руската опозиција, денеска на Твитер објави напис за можната руска употреба на нуклеарно оружје.

11:42 – Германија повика на правична распределба на украинските бегалци низ Европа

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, денеска изјави дека правичната распределба на Украинците кои бегаат од војната во Европската унија е апсолутен приоритет и ги повика сите земји-членки да ги почитуваат одредбите од Договорот за прием на бегалци во рамки на ЕУ.

11:40 – Кличко: Русија врши геноцид во Украина, кошмар е тоа што се случува

Русија врши „геноцид“ во Украина, предупреди градоначалникот на Киев, Витали Кличко. Тој го кажа ова на видео конференцијата со официјални лица од Минхен, побарувајќи тие да ја притиснат федералната Влада да ги прекине сите економски врски со Русија, јави ДПА.

11:36 – Лавров: Крајната цел на Западот е заживување на униполарниот свет

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека крајната цел на Западот е „заживување на униполарниот свет“.

11:34 – Пекинг: Русија не може да биде исклучена од Г20

Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина.

11:29 – ВИДЕО: Бомбардирана станбена населба во Киев

Руските сили повторно го бомбардираа станбениот кварт на Киев Шевченковски. Сликите по нападот беа објавени од локалните медиуми.

10:49 – Полска специјална служба бара протерување на 45 руски дипломати осомничени за шпионажа

Полската агенција за внатрешна безбедност подготви список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побара нивно протерување од земјата, изјави портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби Станислав Зарин.

10:46 – Британско разузнавање: Русите се обидуваат да ги опколат Украинците, се подготвува голем напад

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина. Во него се наведува дека руските сили маневрираат од северот и југот на земјата со цел да ја опколат украинската армија на истокот на земјата.

10:30 – Медведев: Западот се однесува кон Русија на одвратен, криминален и неморален начин

Ројтерс објави нови изјави на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

10:29 – Германски министер за финансии: На Украина ќе и треба Маршалов план заради обнова на земјата

По војната, на Украина ќе и треба Маршалов план развиен од меѓународната заедница, заради обнова на земјата, изјави германскиот министер за финансии Кристијан Линднер, презентирајќи го нацрт-државниот буџет во Бундестагот.

10:27 – Руската армија е целосно деморализирана, тврдат Украинците

Украинската армија во својот извештај утринава тврди дека руските сили во Украина се целосно деморализирани, поради што Русија е принудена да ангажира поранешни војници за да ги надомести големите загуби.

10:12 – Шолц: Војната ја уништува Украина, но и иднината на Русија

Инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина е во застој и покрај секојдневните напади извршени од неговите војници, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

09:41 – Сопругата на Зеленски: Му се восхитувам секој ден, никогаш нема да се откаже од Украина

Зеленска го коментираше и нејзиниот сопруг, восхитувајќи се на неговата храброст.

09:18 – Факти: Како може Путин да биде гонет за воени злосторства во Украина?

Американскиот претседател Џо Бајден јавно го нарече рускиот претседател Владимир Путин воен злосторник, но правните експерти наведуваат дека гонењето на Путин или други руски официјални лица ќе се соочи со високи пречки и може да потрае со години

08:49 – Кирби: Нема објаснување за руската употреба на хиперсонични ракети

САД не разбраа зошто руските вооружени сили одлучија да употребат хиперсонична ракета за време на инвазијата врз Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

08:45 – Договорен прекин на огнот во Луганската област за да се евакуираат цивили

Гувернерот на источната украинска област Луганск, Сергеј Гајдеј, денеска соопшти дека е постигнат договор за локален прекин на огнот. Договореното е со цел да се евакуира цивилното население од областа што се наоѓа во блокада поради воените дејствија.

08:45 – Америка ги осудува изјавите на Русија за нуклеарно оружје

Пентагон го осуди одбивањето на портпаролите на Кремљ да ја исклучат употребата на нуклеарно оружје за време на конфликтот во Украина

08:43 – ВИДЕО: Русите наводно го бомбардирале мостот во Чернихив

Руските сили наводно во текот на ноќта бомбардирале мост во Чернихив кој бил клучен за испорака на хуманитарна помош и евакуација на цивили.

08:30 – Во војната во Украина досега загинале 121 дете

Во војната во Украина досега загинале 121 дете, соопшти вчера во порака на Телеграм Канцеларијата на јавниот обвинител, додавајќи дека бројот на ранети деца е 167.

08:08 – Украина: Русите ја уништија лабораторијата во Чернобил

Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти.

08:06 – Бајден денеска заминува за Европа на средби со сојузниците од ЕУ и НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден денеска заминува за Брисел на разговори со европските лидери за руската инвазија врз Украина, носејќи со себе планови за воведување дополнителни санкции кон Москва.

08:03 – Генералното собрание на ОН денеска ќе расправа по нацрт-декларацијата за ситуацијата околу Украина

Генералното собрание на ОН денеска ќе ја продолжи вонредната седница посветена на ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на претседателот на Генералното собрание, Паулина Кубијак.

08:00 – Макрон повторно разговараше со Путин за прекин на огнот во Украина

Француската влада синоќа потврди дека претседателот на таа земја Емануел Макрон телефонски разговарал со рускиот колега Владимир Путин, соопшти Елисејската палата.

07:50 – Американски проценки за пад на борбената моќ на руските сили во Украина

Американските експерти сметаат дека опаднала борбената моќ на руските трупи во Украина, 90 отсто под нивото пред почетокот на инвазијата.

07:46 – Лондон: Русија најверојатно ќе преземе понасилни мерки

Според најновата разузнавачка процена на британското Министерство за одбрана во украинските градови под руска окупација продолжуваат протестите на цивилите.

07:46 – Зеленски: Во Мариупол 100.000 луѓе се без храна, вода и лекови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 100.000 луѓе во Мариупол се без храна, вода и лекови.

07:46 – Зеленски ќе се обрати на Самитот на НАТО

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе има виртуелно обраќање на Самитот на НАТО, што ќе се одржи в четврток во Брисел, изјави неименуван извор на Алијансата.

23/03/2022

22:55 – Врз Мариупол фрлени две „супермоќни бомби“

Општина Мариупол соопшти дека градот денеска бил погоден од две „супермоќни бомби“, но не наведе дали има жртви.

21:49 – Париз: На повидок нема договор за прекин на огнот во Украина

На повидок нема договор за прекин на огнот во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата по денешниот телефонски разговор на францускиот и рускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин.

21:35 – ВИДЕО: Руските сили најверојатно користат фосфорна муниција

На Твитер се појави видео на кои наводно се снимени воздушните напади врз источниот украински град Краматорск.

20:19 – Песков: Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење.

20:14 – Кремљ: Путин телефонски разговараше со Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

19:31 – Дуда: Руските напади исти како нацистичките за време на Втората светска војна

Претседателот на Полска Анджеј Дуда ги спореди денеска руските напади на Украина со нацистичките напади за време на Втората светска војна, велејќи дека опколениот Мариупол „денеска изгледа како Варшава 1944 година по бомбардирањето и убивањето цивили од германските нацисти“.

19:10 – Арестович: Војната би можела да заврши за две до три недели

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович денеска изјави дека за Русија и понатаму приоритет е преземање контрола врз Киев, но оти таквиот обид би бил „самоубиство“ за Москва.

17:18 – Турција бара НАТО да се фокусира на прекин на огнот во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека фокусот на овонеделниот состанок на НАТО треба да биде ставен на начините за постигнување примирје во Украина, а не само санкциите.

16:37 – „Билд“: Спречен четврт обид за атентат врз Зеленски, уапсена група руски диверзанти

Украинската контраразузнавачка служба наводно спречила четврти обид за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува германскиот весник „Билд“.

16:24 – Украинско МНР: Во Херсон снемува храна и лекови за 300.000 лица

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на околу 300.000 лица од окупираниот град Херсон им снемува храна и медицински материјал и притоа ја обвини Русија дека спречува цивилите да се евакуираат на територијата што ја контролира Украина.

15:09 – Зеленски пред италијанските пратеници: Русија агресија во Украина може да донесе глад во светот

Нападот на Русија врз Украина може да предизвика глад во други земји во светот, предупреди денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќањето пред италијанскиот Парламент, повикувајќи на поголема помош во борбата против агресорите.

14:57 – Украинските власти: Изгаснати шумските пожари околу нуклеарната централа Чернобил

Украинските власти денеска соопштија дека се изгаснати шумските пожари во областа околу нуклеарната централа Чернобил, која е под контрола на руските сили.

14:55 – Кремљ ги оценува преговорите со Украина како „недоволно суштински“

Кремљ денеска оцени дека преговорите со Киев се недоволно „суштински“, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е подготвен за „компромис“ кој, доколку се постигне, треба да биде одобрен на референдум.

14:47 – Зеленски: Најмалку 117 деца загинаа во војната во Украина

Најмалку 117 деца досега се убиени во руската инвазија врз Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање пред италијанските пратеници.

14:15 – ВИДЕО: Украинската армија објави нова снимка од жестокото бомбардирање врз Русите на теренот

Украинската армија на својот официјален профил на Твитер објави видео од жестокото бомбардирање на руските сили.

14:09 – Нови силни експлозии во Киев

Неколку силни експлозии можеа да се слушнат во главниот град на Украина додека Киев е под 35-часовен полициски час. Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите за автомобили во центарот на градот, сведочи тимот на Си-ен-ен.

13:28 – Целосно уништени 10 украински болници, тврди министерот за здравство

Десет болници се целосно уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, информираше украинскиот министер за здравство Виктор Лашко, во своја изјава на националната телевизија.

12:59 – Рускиот новинар Дмитриј Муратов ја продава Нобеловата награда за помош на украинските бегалци

Рускиот новинар Дмитриј Муратов денеска најави дека ќе го донира медалот на Нобеловата награда за мир, што ја доби минатата година, за да биде продаден на аукција за собирање средства за помош на украинските бегалци.

12:58 – Украински пратеник: Руските поморски сили ја гранатираат периферијата на Одеса

Првпат од почетокот на војната, руските поморски сили почнаа да ја гранатираат периферијата на црноморското пристаниште Одеса за да го оневозможат пристапот на украинската војска до морето, јави Би-Би-Си.

12:12 – Русија: Запленети 78 руски авиони во странство

Седумдесет и осум руски авиони се запленети во странство, соопшти денеска руското Министерство за транспорт, јавија руски медиуми.

11:54 – Нацрт-документ предвидува формирање Фонд за солидарност заради обнова на Украина

Лидерите на земјите од ЕУ имаат намера да формираат „фонд на доверители“ за Украина со цел по руската инвазија да и помогнат да со обновата по војната, се вели во нацрт-документот во кој имал увид Франс прес, пренесува Гардијан.

11:54 – УНХЦР: Повеќе од 3,5 милиони бегалци ја напуштиле Украина

Агенцијата за бегалци при ОН денеска соопшти дека повеќе од 3,5 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина поради руската инвазија.

11:30 – Украина: Речиси илјада згради уништени во Харков од руското гранатирање

Речиси илјада згради се уништени во украинскиот град Харков, како резултат на руско гранатирање, соопшти Украинската државна служба за вонредни состојби.

11:27 – ЕУ министрите денеска за енергијата, цените и ЕУ перспективата на Украина

Министрите за европски прашања денеска се состануваат во рамките на Советот за општи работи за да го подготват ЕУ самитот кој ќе се одржи в четврток и петок, Украина – главна тема

11:08 – ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции, обвинувајќи ги за ширење дезинформации за војната во Украина, пишува Фајненшл тајмс.

11:07 – Советник на украинскиот претседател: Заземањето на Киев би било „самоубиство“ за Русија

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател денеска изјави дека преземањето контрола врз Киев сè уште е очигледно приоритет за Русија, но обидот да се направи тоа би било „самоубиство“ за Москва.

10:01 – Предупредување од германските безбедносни служби: Неонацистите се во движење

Германските безбедносни власти предупредуваат дека неколку германски неонацисти тргнале кон Украина за да се приклучат во борбата на украинските власти.

09:49 – Денеска нов обид за евакуација на цивили од Мариупол

Утринава Ирина Верешчук, вицепремиерката на Украина изјави дека денеска почнува нов обид за евакуација на цивилите во опколениот град Мариупол.

09:47 – Британски експерти: Руски напад врз Одеса е малку веројатен

Британскиот експерт за поморска војна, др. Сидарт Каушал, кој работи за безбедносниот тинк-тенк Royal United Services, рече дека рускиот напад од морето врз стратешкото украинско пристаниште Одеса „не е веројатен“ поради „ограничениот капацитет“ на Русија во регионот.

09:42 – Руската фабрика за тенкови е затворена, соопшти украинското разузнавање

Украинското воено разузнавање тврди дека фабрика во рускиот регион Чељабинск, која произведува и поправа руски тенкови, е затворена поради недостаток на увезени делови.

09:38 – Украина: 117 деца убиени во војната

Украинскиот парламент утринава соопшти дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во нападите на руските сили загинале 117 деца, а 155 се повредени.

08:52 – Објавени нови сателитски снимки од руското бомбардирање на Украина

Нови сателитски снимки објавени од приватната американска компанија за вселенска технологија Maxar Technologies даваат уште еден поглед на штетата што руските трупи ја нанесоа на украинските градови.

08:43 – Зеленски: Украина е подготвена на компромис за НАТО во замена за прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да преговара за повлекување од влезот на Украина во НАТО доколку Русија се согласи на прекин на огнот, повлекување на руските сили и безбедносни гаранции во Украина.

08:42 – Украина: Русите го освоија копнениот коридор до Крим

Украинската армија објави дека руските сили го освоиле копнениот коридор кон Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година

08:38 – Украинска армија: Русите имаат храна, гориво и муниција уште три дена

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека, според достапните информации, руските окупаторски сили во Украина имаат залихи со муниција и храна за не повеќе од три дена.

08:35 – Белорусија наскоро може да ја нападне Украина, вели висок функционер на НАТО

Белорусија наскоро може да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на своја територија.

08:33 – ВИДЕО: Проруските сепаратисти истрелуваат термобарични ракети

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа истрелување на термобарични ракети, познати и како вакуум бомби. Автентичноста на снимката ја потврди и Би-Би-Си.

08:31 – Британско разузнавање: Украинците се спротивставуваат на обидите да се заземе Мариупол, повеќето руски сили стојат во место

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на својата разузнавачка служба за ситуацијата во Украина.

07:58 – Волстрит журнал: САД испраќаат тајно набавени советски ракетни системи во Украина

САД испраќаат советски ПВ ракетни системи на украинската армија, кои тајно ги набавија пред неколку децении, но им се доволно познати на Украинците за веднаш да ги користат, објави Волстрит журнал.

07:56 – Врховна рада на Украина: Пожари во близина на нуклеарната централа во Чернобил шират радијација

Врховната рада на Украина предупреди дека на територијата на Чернобил алтивни се најмалку седум различни пожари. Тие биле регистрирани со снимки од сателитот Сентинел-2 на Европската вселенска агенција.

07:56 – Украинска армија: Населението да се подготви за неселективни руски напади

Украинската армија денеска соопшти дека населението треба да биде подготвено за неселективно руско гранатирање на виталната цивилна инфраструктура. Украинските вооружени сили соопштија дека се очекува руските сили да продолжат со нападите врз виталната инфраструктура користејќи „оружје со висока прецизност и неселективна муниција“.

07:53 – Генералното собрание на ОН утре треба да изгласа нова хуманитарна резолуција за Украина

Генералното собрание на ОН треба да се состане в среда во обид да се договори и изгласа нова резолуција за војната на Русија против Украина.

07:52 – Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје во Украина

Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден, не наведувајќи никакви докази.

07:50 – Бајден: Русија употреби хиперсонични проектили

Претседателот на САД, Џо Бајден потврди дека Русија употребила хиперсонични проектили во Украина.

07:50 – Пентагон: Гледаме јасни докази дека руските сили вршат воени злосторства

Американското Министерство за одбрана ја обвини Русија за воени злосторства во Украина.

07:49 – САД: Русија сè уште не е воздухопловно надмоќна

Во изминатите два дена Русија го зголемила бројот на летови на воени авиони над Украина, а во 24 часа извела дури 300 летови, изјави во последните 24 часа, изјави неименуван висок американски претставник.

07:41 – Русија ја блокира страницата на „Еуроњуз“

Рускиот медиумски регулатор „Роскомнадзор“ вчера го блокираше пристапот до францускиот канал „Еуроњуз“ (Euronews), како дел од зајакнувањето на контролата врз информациите поврзани со рускиот напад врз Украина.

07:40 – Зеленски: Без преговори нема да заврши војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за украинскиот радиодифузер Суспилне инсистираше на средба „во кој било облик“ со рускиот претседател Владимир Путин за „запирање на војната“ во Украина.

22/03/2022

23:04 – Руските сили киднапирале шест украински функционери

Украинските медиуми објавија дека во Чернихив, град во северна Украина, руските сили привеле пет локални функционери.

21:20 – САД: Активно разговараме со други држави за противвоздушна помош за Украина

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби денеска изјави дека САД разговараат со други држави за да и обезбедат на Украина „видови одбранбени системи кои вклучуваат воздушна одбрана со долг дострел“.

19:53 – Џонсон и Мишел се договорија да соработуваат за кризата во Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон во телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се согласи да продолжат со блиска соработка и единствен одговор меѓу Лондон и Брисел за руската инвазија врз Украина, соопшти денеска кабинетот на британскиот лидер.

19:05 – Официјален претставник на НАТО: Белорусија може да нападне и да распореди руско нуклеарно оружје

Белорусија, близок руски сојузник, наскоро би можела да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија, изјави висок разузнавачки претставник на НАТО.

18:39 – Зеленски: Украина нема да ги прифати руските ултиматуми за завршување на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за европските медиуми изјави дека Украина никогаш нема да попушти пред ултиматумот од Русија и градовите како Киев, Мариупол или Харков нема да прифатат руска окупација.

16:46 – Резников: Русија спроведува државен тероризам во Украина

Русија спроведува државен тероризам во Украина и ќе продолжи да напаѓа други земји, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников во Лондон.

16:42 – ВИДЕО: Русија објави снимка од ракетниот напад врз трговскиот центар во Киев

Руското Министерство за одбрана објави снимка од ракетниот напад врз трговски центар во Киев.

15:53 – Украина ја обвини Русија за истекувањето на амонијак од фабрика кај Суми

Украинските власти ги обвинија руските сили дека синоќа во ракетен напад ја погодиле хемиската фабрика во близина на градот Суми, предизвикувајќи повеќечасовно истекување на амонијак.

15:49 – Руско МНР: Односите меѓу Москва и Вашингтон се близу до раскинување

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало американскиот амбасадор Џон Саливан за да му каже дека забелешките на американскиот претседател Џо Бајден за рускиот претседател Владимир Путин ги довеле билатералните врски до работ на прекинување.

15:45 – Зеленски со апел до Германија да го спаси Киев или „новиот Берлин“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното телевизиско обраќање до нацијата апелираше до Германија да го спаси главниот град Киев.

15:00 – Сопругата на поранешен украински пратеник фатена на граница со 30 милиони долари

Анастасија Ковитска, сопруга на поранешниот пратеник на Народниот фронт, Ихор Котвитски, наводно се обидела да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра во кеси од Украина.

14:55 – Советникот на Зеленски: Русија не е искрена за мировните преговори

„Русија не е сериозна во врска со мировните преговори“, изјави за Би-Би-Си советникот на украинскиот претседател Зеленски.

14:55 – Украинскиот регулатор за нуклеарна енергија: Не работат системите за контрола на радијацијата околу Чернобил

Украинската регулаторна агенција за нуклеарна енергија денеска соопшти дека престанале да работат системите за контрола на радиоактивноста околу нуклеарната централа Чернобил.

14:42 – Московската берза е делумно отворена во екот на западните санкции

Московската берза денеска делумно беше отворена, првпат од 25 февруари, ден по почетокот на руската инвазија врз Украина.

14:41 – Мегајахтата на Абрамович виденa во близина на Турција

Мегајахтата поврзана со санкционираниот руски олигарх Роман Абрамович денеска е видена како плови на неколку километри од југозападниот брег на Турција.

14:37 – Кремљ: Нема да има прекин на огнот за време на преговорите

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот.

14:37 – Продолжија руско-украинските мировни преговори

Руските и украинските мировни преговарачи денеска одржаа 90-минутен видео-повик, а работните групи ќе продолжат со разговори во текот на денот, изјави членот на украинската делегација Давид Арахамија.

13:57 – Русија: ФСБ бара „итна“ забрана на Фејсбук и Инстаграм

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска повика на „моментна“ забрана на американските социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, на првиот ден од судењето за „екстремизам“ во услови кога се зголемува репресијата врз медиумите по инвазијата во Украина.

13:31 – ВИДЕО: Рускиот напад врз Одеса утрово, прв од ваков вид

Властите во Одеса ги обвинија руските сили за напад на станбени згради во предградијата на Одеса, клучното украинско пристаниште на југот.

12:57 – Чешкиот премиер бара повеќе санкции за да се запре Путин

Рускиот претседател Владимир Путин врши воени злосторства во Украина и дополнителни санкции се единствениот начин тој да биде запрен, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фиала.

12:57 – Европската Комисија со нова помош за земјите членки за последиците од украинската криза

Европската Комисија ги повикува земјите членки на ЕУ да примат бегалци од Украина и да ја зголемат својата енергетска зависност од руската енергија

12:31 – Мртви тела на тротоар по ракетирањето на трговски центар во Киев

Руските сили синоќа нападнаа станбена зона во Киев, во која се наоѓа голем трговски центар. Дописникот на Sky News јавува дека видел неколку тела на тротоарот пред трговскиот центар. Полицијата соопшти дека најмалку осум лица се убиени.

12:18 – Кремљ: Нема основа за средба меѓу Путин и Зеленски

„Русија прави напори да ги забрза преговорите“, рече Песков, додавајќи дека „нема основа за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Владимир Зеленски“.

12:15 – Бенет за руско-украинскиот конфликт: Има уште долг пат

Израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој настојува да посредува во руско-украинскиот конфликт, денеска изјави дека и понатаму постои голем јаз меѓу двете земји и покрај одредениот напредок.

12:14 – Бајден телефонски ќе разговара за одговор на рускиот напад со Макрон, Шолц, Драги и Џонсон

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе разговара телефонски со францускиот колега Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, како и со премиерите на Италија и Велика Британија, Марио Драги и Борис Џонсон. Ќе се разговара за „нивните координирани одговори на рускиот неиспровоциран и неоправдан напад на Украина“, соопшти Белата куќа.

12:03 – Украинска армија: Убивме околу 15.000 руски војници

Украинската војска на Твитер објави дека убила околу 15.000 руски војници од почетокот на инвазијата.

11:57 – Украински власти: Повторно пропаднаа напорите за евакуација и хуманитарна помош на жителите на Мариупол

Украинските власти денеска ја опишаа ситуацијата во Мариупол како исклучително тешка, наведувајќи дека не успеале да воспостават нов безбеден коридор за евакуација на цивилите од опколениот град.

11:53 – Градоначалникот на Киев најави полициски час од понеделник навечер до среда наутро

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска најави „засилен полициски час“ во главниот град на Украина од 20.00 часот (по локално време) до 7 часот во среда.

11:16 – Кремљ: Ембарго на руската нафта директно ќе ги засегне сите

Ембарго на увозот на руска нафта што го наметнаа некои европски држави поради воената интервенција во Украина директно ќе ги засегне сите, соопшти денеска официјален Кремљ.

11:15 – ЕУ министрите денеска ќе разговараат за санкции врз руската нафта

Министрите за надворешни работи на ЕУ, заедно со нивните колеги за одбрана, денеска се состануваат во Советот за да дебатираат за нови санкции против Москва, овој пат на маса е енергетскиот сектор, јави дописничката на МИА од Брисел.

11:11 – (ВИДЕО) Украинци: Руската морнарица ја нападна Одеса, уништи неколку куќи

Утрово руската морнарица со артилерија ја нападна Одеса, пристанишен град на југот на Украина. Во нападот се уништени неколку куќи, изјави портпаролот на локалната власт Сергеј Брачук.

10:58 – Русија: Го погодивме центарот за обука на странски платеници со крстосувачки ракети

Руските сили со крстосувачки ракети го погодија центарот за обука на украинската армија во областа Ривне на западот на земјата, соопшти руското Министерство за одбрана.

10:41 – ВИДЕО: Најмалку осум загинати во руското ракетирање врз трговски центар во Киев

Најмалку осум лица загинаа во руско гранатирање на трговски центар во станбената област Подил во Киев, соопшти главниот украински обвинител.

10:32 – Украински пратеник: Мариупол е пекол на земјата

Јарослав Железњак, украински пратеник од Мариупол, ја опиша ситуацијата во неговиот роден град под опсада како „пекол за земјата“, пренесува Би-би-си.

10:27 – Кина испраќа хуманитарна помош во Украина

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека кинескиот Црвен крст ќе испрати дополнителна хуманитарна помош во Украина во вредност од 10 милиони јуани.

10:25 – Борел: Масовно воено злосторство во Мариупол

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го окаратеризира како „масовно воено злосторство“ рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Мариупол.

10:17 – Британски генерал: Одеса е следната логична руска цел

Британскиот генерал Ричард Баронс во интервју за Би-Би-Си прогнозираше што очекува од воената стратегија на Русија во наредните денови.

10:05 – Украина го отфрли рускиот ултиматум: Ќе се бориме до последниот војник

Поминаа неколку часа од истекот на ултиматумот што Русија и го постави на Украина. Имено, Русите побараа Украина да го предаде опколениот град Мариупол, во кој се сместени околу 300.000 луѓе во безизлезни услови, со многу малку храна и медицински материјали.

09:54 – ВИДЕО: Жителите на окупираниот Херсон им го попречија патот на руски воени камиони

Жителите на украинскиот Херсон, град окупиран од руската војска, им го попречија патот на руските воени камиони со ознака „З“ на улиците на градот и ги принудија да се свртат.

09:51 – Британско разузнавање: Русите ќе се обидат целосно да го опкружат Киев

Руските сили кои напредуваат кон Киев од североисток стојат во место, а повеќето сили се наоѓаат на повеќе од 25 километри од центарот на градот, според новата проценка на британското воено разузнавање.

09:42 – Над 10.000 Украинци влегле во Франција од почетокот на руската инвазија

Над 10.000 Украинци влегоа во Франција од почетокот на руската инвазија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен за францускиот медиум РТЛ.

09:35 – МААЕ: Персоналот во Чернобил ротираше првпат по речиси еден месец

Персоналот во нуклеарната централа во Чернобил е заменет за првпат од почетокот на руската инвазија на Украина, соопшти синоќа Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

09:33 – Генералното собрание на ОН ќе гласа за подобрување на хуманитарната помош за Украина

Генералното собрание на ОН се очекува наредните денови да гласа за резолуција за подобрување на хуманитарната помош за Украина.

08:32 – Франција не ги отфрла можностите за целосна забрана на увоз на руска нафта и гас во ЕУ

Санкциите наметнати кон Москва поради војната во Украина и штетат на руската економија и на претседателот Владимир Путин, изјави францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

08:31 – Томас-Гринфилд“: Моментално мала е надежта за мирно решение во Украина

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека во моментов мала е надежта дека преговорите би можеле да донесат окончување на војната во Украина.

08:17 – Русија и Украина ги продолжуваат мировните преговори

Се очекува денеска да се сретнат делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, јави ДПА. Двата преговарачки тима сакаат дискусиите, што ќе се водат преку видео врска, да започнат утрово

08:17 – Најмалку шест земји во Европа истражуваат за воени злосторства на Русија во Украина

Најмалку шест земји во Европа истражуваат за воени злосторства на Русија во Украина. Покрај Естонија, Литванија и Германија, тоа го прават и Полска, Словачка и Шведска, објави украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова.

07:44 – ВИДЕО: Русите погодиле хемиска фабрика кај Суми, истече амонијак

Регионалниот гувернер на Суми, Дмитри Живицки, објави на социјалните мрежи дека отровен гас, амонијак истекува од хемиска фабрика оштетена од руско гранатирање.

07:29 – Бајден ќе ја посети Полска, Белата куќа негира планови за посета на Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден в петок ќе отпатува за Полска на разговори со полскиот претседател Анджеј Дуда посветени на украинската криза, соопштои Белата куќа.

07:28 – ЕУ разгледува нови санкции, па и нафтено ембарго кон Москва

Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина.

07:28 – Русија отвора коридори за цивилите од Мариупол и војниците кои ќе го остават оружјето

Шефот на рускиот центар за управување со одбраната Михаил Мизинцев изјави дека руските сили ќе им дадат можност на националистите денеска да го напуштат Мариупол без оружје преку хуманитарните коридори од 10 до 12 часот по московско време.

07:26 – (ВИДЕО) Зеленски: Ерусалим е вистинското место за преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим.

07:23 – Јанша: Словенечките дипломати се враќаат во Киев

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев.

07:18 – Лондон: Руските сили се обидуваат да дојдат од Крим во Одеса

Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили напредуваат од правец на Крим и дека се уште го заобиколат Миколаев додека се обидуваат да се движат на запад кон Одеса, додавајќи дека руските сили постигнале мал напредок минатата недела.

07:16 – Украина го одби руското барање за предавање на Мариупол

Заменик претседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук изјави дека е одбиена руската понуда за предавање на Мариупол.

00:28 – Грчкиот конзул од Мариупол се врати во Атина

Мариупол ќе биде дел од низата градови целосно уништени од војна, рече Манолис Андрулакис, генералниот конзул на Грција во Мариупол, кој синоќа пристигна во Атина откако беше евакуиран од украинскиот град

00:25 – (ВИДЕО) Кличко: Најмалку една жртва при гранатирањето на Киев

Најмалку едно лице загина кога вечерва беа погодени неколку станбени куќи и трговски кварт при гранатирањето на Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од 14 март до 20 март

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород