Блумберг: Рускиот специјален пратеник Анатолиј Чубајс поднесе оставка поради противењето на војната во Украина

Од:

Специјалниот пратеник на рускиот претседател за односи со меѓународните организации, Анатолиј Чубајс, поднесе оставка од функцијата и ја напушти Русија, пишува Блумберг.

Тој оваа своја одлука ја објаснил со спротивставувањето на војната во Украина, за агенцијата потврдија два неименувани извори.

Блумберг забележува дека Чубајс (66) е највисокиот руски функционер кој се разделил со Кремљ поради рускиот напад врз Украина.

Чубајс е еден од ретките реформатори на руската економија од 1990-тите кои останаа во владата на Путин и истовремено одржуваа блиски врски со западните функционери, наведува Блумберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија