Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.

– Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.

– Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи, рече Путин. Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.

Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање.

Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија