Од минута во минута: Зеленски го повикува Путин на преговори, Украина да се изјасни за предавање на Мариупол

Од:

Кризата во Украина од минута во минута.

23:43 – Подољак: Преговорите со Русија ќе продолжат утре

Членот на украинската делегација и помошник на претседателот, Михаило Подољак потврди дека разговорите со руската делегација ќе продолжат утре.

23:20 – Кличко: Во Киев одекнаа неколку експлозии

Неколку експлозии одекнаа вечерва во Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

22:38 – Шесте точки околу кои преговараат Украина и Русија

Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје доколку двете страни не се откажат од досегашниот напредок.

22:31 – САД обезбедуваат помош од 30 милиони долари за Молдавија

САД ќе обезбедат 30 милиони долари за Молдавија како помош за прифаќање на украинските бегалци, изјави американскиот амбасадор во Молдавија Кент Дојл Лонгсден на денешниот брифинг.

22:20 – Евакуирани 7.295 луѓе, се праќаат 50 автобуси во Мариупол

Од украинските градови денеска преку хуманитарни коридори се евакуирани 7.295 луѓе, изјави потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук.

21:43 – Путин не смее да победи во оваа војна порачува премиерката на Естонија

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина.

21:38 – Русија и даде рок на Украина до утре рано наутро да се изјасни за предавање на Мариупол

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до утре во раните утрински часови да даде одговор за предавање на Мариупол, објавија западните медиуми, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости.

20:58 – Џонсон вети континуирана воена поддршка за Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја продолжи воената поддршка за Украина во денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

20:57 – Кириленко: Продолжува бомбардирањето на Мариупол

Интензивното руско бомбардирање на Мариупол продолжува, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.

20:27 – Украина: Уништивме цела тенковска единица кај Киев

Според Вооружените сили на Украина, шестиот тенковски полк на руската армија бил уништен денеска.

20:22 – Дел од работниците ја напуштија нуклеарката Чернобил, ги заменија доброволци

Дел од работниците на неоперативната нуклеарна централа Чернобил денеска го напуштија објектот по повеќе од три недели, јави Би Би Си. Вкупно 64 работници заминаа дома, а нив ги заменија 46 доброволци.

19:58 – Лапид: Израел ќе продолжи да и помага на Украина колку што може

Израел ќе продолжи да му помага на украинскиот народ колку што може и никогаш нема да им сврти грб на маките на луѓето кои ги знаат ужасите на војната, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид.

19:02 – Русија потврди дека важен командант на војската е убиен во Мариупол

Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол.

18:50 – Нинисто: Влезот на Финска во НАТО може да ги зголеми тензиите

Финскиот претседател Саули Нинисто предупреди дека аплицирањето на неговата земја за членство во НАТО би претставувало „голем ризик“ што може да ги зголеми тензиите во Европа и дека Финска бара начини да ја подобри безбедноста по рускиот напад врз Украина.

18:38 – Во обраќање до израелскиот праламент Зеленски направи паралела меѓу руската инвазија и Втората светска војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати преку видеоконференциска врска пред израелскиот Парламент.

17:46 – Украинско Министерство за одбрана: Руската елита размислува за атентат врз Путин

Украинското Министерство за одбрана тврди дека руската елита ја разгледува можноста за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин.

17:31 – Ќе има нови мерки од САД против Русија доколку употреби хемиско оружје

Русија ќе се соочи со дополнителни мерки од САД доколку употреби хемиско оружје при нападите врз Украина, предупреди денеска американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд.

17:24 – Макроата во Германија ги врбуваат украинките кои избегаа од војната

Макроата и трговците со луѓе во Германија ја користат војната во Украина и регрутираат украински бегалци за проституција, па министерката за внатрешни работи Ненси Фезер најави остри мерки против криминалците и зголемена заштита на несреќните жени.

16:28 – Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат утре најавуваат украинските медиуми

Делегациите на Русија и Украина утре треба да ги продолжат мировните преговори во онлајн формат, објавија денеска украински медиуми.

16:03 – Обединетите нации потврдија 902 убиени украински цивили

Обединетите нации соопштија дека најмалку 902 цивили се убиени, а 1.459 се повредени во Украина за време на руската агресија.

15:48 – Небензја: Побијте ги био-лабораториите, ние изнесовме факти

Руската специјална операција во Украина ќе открие уште повеќе грди факти, како оние за американската воено-биолошка активност на постсоветскиот простор, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја.

15:08 – Зеленски: Подготвен сум на преговори со Путин, ако не успееме се заканува нова светска војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е подготвен да преговара директно со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако било каков обид за преговори не успее, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји може да доведе до трета светска војна.

14:07 – Украина објави дека досега се убиени 14.700 руски војници

Украинските вооружени сили редовно споделуваат проценки за руските загуби. Во најновиот извештај се вели дека околу 14.700 руски војници биле убиени во операцијата, многу повеќе од 498-те што ги регистрираше Москва на почетокот на март.

13:40 – Џонсон критикуван дека ги споредува Украинците со поддржувачите на Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон беше жестоко критикуван, вклучително и во неговите конзервативни кругови, за споредување на борбата на Украинците против руската инвазија со Британците кои гласаа за Брегзит затоа што „ја избраа слободата“.

13:32 – Папата Франциско: Војната во Украина е неоправдан, бесмислен масакр

Папата Франциско денеска ја нарече војната во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да биде прекината таа неприфатлива војна.

13:18 – Украина: Руси пукаа во дом за стари лица, загинаа 56 луѓе

56 лица загинаа откако руски војници отвориле оган во дом за стари лица во Кремина во областа Луганск, тврдат украинските власти.

13:13 – Украина: Убивме уште двајца истакнати руски команданти

Украински официјални лица велат дека уште двајца руски команданти биле убиени за време на борбите, што значи, како што велат дека се убиени пет руски генерали од почетокот на инвазијата.

12:32 – (ВИДЕО) Кличко: Киев продолжува да живее иако ситуацијата е како да сме во воен камп

„Киев продолжува да живее иако ситуацијата е како да сме во воен камп и подготвени да се браниме. Денеска поминувам низ контролни пунктови, се среќавам со војници, луѓе кои го бранат нашиот град… Ја надгледувам работата на хуманитарниот штаб“, кажа во своето обраќање преку социјалните мрежи, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

11:48 – Чавушоглу: Русија и Украина се поблиску до договор

Чавушоглу, кој минатата недела отпатува и во Русија и во Украина за да разговара со своите колеги Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба, за турскиот весник Хуриет изјави дека има „приближување на позициите на двете страни за важни теми, клучни теми“.

10:53 – Медведев: Русија никогаш нема да пропадне

Руската економија никогаш нема да пропадне поради санкциите, изјави вчера заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува руската агенција Риа Новости.

10:26 – (ВИДЕО) Русија: Ја лансиравме втората хиперсонична ракета кон складиште за оружје во Украина

Русија ја гаѓаше Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и од Каспиското Море и лансираше суперсонични ракети од воздушниот простор на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

10:25 – ВИДЕО: Во бомбардирање во Мариупол оштетена е една од најголемите челичарници во Европа

Фабриката за челик Азовстал во Мариупол, една од најголемите во Европа, е тешко оштетена во бомбардирање, соопштија денеска украинските власти.

09:06 – Русија соопшти дека повторно истрелала хиперсонични проектили во Украина

Русија соопшти денеска дека повторно ги истрелала своите најнови хиперсонични ракети во Украина, уништувајќи складиште за гориво на југот на земјата.

08:31 – Украински власти: Руските сили бомбардирале училиште во Мариупол каде се криеле 400 луѓе

Градскиот совет на Мариупол соопшти дека руските сили вчера бомбардирале училиште во кое се криеле 400 луѓе.

08:15 – (ВИДЕО) Зеленски: Опсадата на Мариупол е терор што ќе се памети со векови

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека руската опсада на пристанишниот град Мариупол е терор што ќе се памети со векови, пренесува Ројтерс.

08:10 – ОН: Најмалку 847 цивили убиени и 1.399 ранети во Украина до 18 март

Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 847 цивили биле убиени и 1.399 ранети во Украина до 18 март.

08:07 – Ванг Ји: Кина е на вистинската страна на историјата во однос на војната во Украина

Времето ќе покаже дека Кина стои на вистинската страна на историјата во однос на украинската криза и нејзиниот став е во согласност со желбите на повеќето земји, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

08:04 – Во Украина забранија работа на 11 проруски политички партии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во државата, од кои некои се обвинети за врски со Русија.

08:03 – Речиси една четвртина од Украинците го напуштиле својот дом поради руската инвазија

Повеќе од 6,5 милиони луѓе во Украина беа принудени да ги напуштат своите домови и да се преселат во други делови на земјата поради избувнувањето на војната досега. Ова е оценката на новиот извештај објавен од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

08:02 – Белоруските дипломати ја напуштија Украина

Амбасадорот на Белорусија во Украина, Игор Сокол, изјави дека целиот персонал на амбасадата е евакуиран, јавија белоруските медиуми.

08:01 – Во Полска повеќе од два милиона бегалци од Украина

Од почетокот на војната во Украина од оваа земја во Полска побегнале околу 2.057.114 лица, соопшти синоќа полската гранична полиција.

08:00 – Британско МО: Русија не успева да го контролира украинското небо

Британското Министерство за одбрана во тврди дека руските сили се уште не успеале да стекнат превласт над украинскиот воздушен простор, пренесува Си-Ен-Ен.

07:59 – Повеќе од 260 цивили загинаа во Харков, соопштија украинските власти

Најмалку 260 цивили се убиени во борбите околу Харков откако руските трупи ја нападнаа Украина пред речиси еден месец, соопштија локалните власти.

07:58 – ЕК ја прекина прекуграничната соработка со Русија и Белорусија

Европската комисија ги суспендираше сите проекти што земјите од ЕУ ги имаа со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Елиса Фереира.

07:49 – Болтон: Бајден направи голема грешка пред почетокот на војната во Украина

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон ги обвини американскиот претседател Џозеф Бајден и НАТО за стратешки грешки пред почетокот на руската воена интервенција во Украина.

07:47 – Турција со намера да организира директна средба Путин – Зеленски

Турција е убедена дека Москва и Киев можат да постигнат мировен договор, и приоритетна задача на Анкара е да организира средба меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, изјави Ибрахим Калин портпарол на турскиот претседател.

20/03/2022

23:24 – Кулеба објави фотографија од уништениот град: Нечовечко руско воено злосторство

Украинскиот министер за надворешни работи објави на Твитер фотографија од разурнатиот Мариупол, со фокус на театарот уништен во рускиот напад.

23:20 – Украина: Убиени 14.000 руски војници, уништени 95 авиони, 115 хеликоптери…

Си-ен-ен истакнува дека не можеле да ја потврдат оваа украинска информација. Тие потсетуваат дека Русија на 2 март објави дека досега биле убиени 468 нејзини членови.

23:14 – Британски полковник: Ако Русите употребат хемиско оружје, играта е завршена

Поранешниот командант на ОН, полковник Боб Стјуарт, во разговор за Sky News изјавил дека моралот на руските војници изгледа ужасен, но дека тие имаат огромна сила на своја страна.

22:46 – ВИДЕО: Украинците кренаа во воздух мост во близина на границата со Русија

Украинците наводно разнеле мост во близина на границата со Русија што Русите го користеле за доставување оружје во Украина

22:43 – ВИДЕО: Украинците уништија конвој руски воени возила во близина на Запорожје

Во близина на Запорожје, украинските вооружени сили наводно уништиле конвој возила на руски војници.

22:04 – Папата ги посети украинските деца кои пристигнаа на лекување во Рим

Папата Франциско денеска ги посети децата бегалци од Украина кои се лекуваат во детската болница во Рим.

21:47 – (ВИДЕО) Снимка од полицаец од Мариупол: Макрон, Бајден, каде е ветената помош?

Во видеото, полицаецот Михаил Вершинин испраќа порака до светските лидери, а особено им се обраќа на Макрон и Бајден.

21:07 – Порошенко: Зошто Бајден, многу добар пријател на Украина, не би ја посетил земјата?

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави за Си-Ен-Ен дека американскиот претседател Џо Бајден треба да ја посети Украина додека е во Европа, на самитот на НАТО во Брисел следната недела.

20:54 – Кинескиот заменик министер за надворешни: Санкциите против Русија стануваат претерани

Кинескиот заменик министер за надворешни работи Ле Јученг рече дека НАТО не треба да се шири понатаму на исток, туркајќи ја нуклеарната сила како Русија „во ќош“.

20:32 – Властите во Киев: Од почетокот на руската инвазија убиени се 228 луѓе меѓу кои и четири деца

Властите во Киев денеска соопштија дека – 228 луѓе, меѓу кои четири деца, се убиени од почетокот на инвазијата на Русија.

20:18 – Објавена сателитска слика од погодениот театар во Мариупол

Нова сателитска снимка ги покажува размерите на нападот на театарот во Мариупол.

19:12 – Украинска телевизија: Исчезната е наша новинарка, веруваме дека ја држат руските сили

Украинската телевизија Хромадске објави дека нивната новинарка Викторија Рошчина исчезнала на југоистокот на земјата. Медиумот верува дека ја држат руските сили.

18:42 – (ВИДЕО) Зеленски до Швајцарците: Не уништуваат луѓето кои кај вас живеат во луксуз

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика швајцарската влада да ги замрзне банкарските сметки на сите руски олигарси.

17:00 – Две американски нафтени компании ги прекинуваат бизнисите во Русија

Американските нафтени компании Халибартон и Шлумбергер го прекинуваат својот бизнис во Русија како договор за американските санкции поради руската инвазија врз Украина.

17:37 – Русија се огласи за оделата на нејзините комонаути: Да се ​​гледа украинското знаме насекаде и во се е лудост

Руската вселенска агенција се огласи за космонаутите кои носеа жолти одела со сини елементи на Меѓународната вселенска станица (ICC), што беше протолкувано како поддршка за Украина.

16:58 – За Швајцарија, војната во Украина е „уништувачка лудост“

Војната што ја води Русија во Украина е „водена од разорно лудило“, а Швајцарија е „подготвена да ја преземе“ цената за „храбро и неуморна одбрана на слободата и демократијата“, изјави претседателот на Швајцарската конфедерација Игнацио Касис.

16:56 – Трагедија во Луганск: Од урнатините извлечени тела на мајка и на нејзините две деца

Според украинските медиуми, по гранатирањето во градот Рубижне во областа Луганск, загинала мајка со две деца. Третото дете е извлечено од урнатините и е во стабилна состојба.

16:20 – Германскиот РТЛ ангажираше украинска водителка на вести

Tелевизија објави дека Каролина Ашион од понеделник до петок ќе води 10-минутна информативна програма на украински јазик и дека е наменета за речиси 200.000 луѓе кои побегнале од Украина во Германија.

14:50 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од уништувањето на бункерот со суперсоничен проектил

Руската армија објави дека употребила суперсонични ракети за првпат во Украина.

14:35 – Десетици загинати украински војници во руски напад врз касарна во Николаев

Десетици војници се убиени откако руски војници нападнаа украинска воена касарна во јужниот град Николаев, изјавија денеска очевидци за западни медиуми додека трае спасувачката операција.

14:31 – Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија

Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија, соопштија денеска ОН додека речиси 6,5 милиони се смета дека се внатрешно раселени во државата.

13:57 – Убиени се најмалку 816 цивили од почетокот на инвазијата на Украина

Според Канцеларијата за човекови права на ОН, потврдено е дека вкупно 816 украински цивили се убиени, а 1.333 се повредени од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

13:46 – Воспоставени се десет коридори за цивилите соопшти украинската влада

Воспоставени се десет коридори за украинските цивили кои се обидуваат да побегнат од воените зони, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

13:43 – Лавров: Оваа ситуација ќе ги зајакне односите меѓу Русија и Кина

Односите меѓу Русија и Кина ќе се зајакнат како резултат на актуелната политичка ситуација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

13:37 – ВИДЕО: Руски космонаути во одела во боите на украинското знаме

Тројца руски космонаути кои пристигнаа на Меѓународната вселенска станица носеа жолто-сини одела, како боите на украинското знаме.

13:22 – Проруската партија „Преродба“ организира протест поради посетата на Остин на Бугарија

Најмалата партија во бугарскиот парламент, „Преродба“, која се смета за проруска, организираше протест пред Министерството за одбрана и извикуваше „НАТО – надвор“ кон војската што се наоѓаше пред зградата.

13:21 – Велика Британија стравува од „поекстремни“ руски акции во Украина

Мировните преговори за ставање крај на украинскиот конфликт би можеле да бидат „димна завеса“ за поекстремни руски воени маневри, предупреди денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во интервју за весникот „Тајмс“.

12:33 – Се водат борби во центарот на Мариупол вели градоначалникот

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави денеска за Би Би Си дека во центарот на градот се водат улични борби, што, според него, ги попречува напорите за извлекување на неколку стотици луѓе кои се блокирани во подрумот на театарот, за што украинските власти тврдат дека Русија го бомбардирала во средата.

12:08 – ВИДЕО: Русите објавија снимка од уништување на украинска диверзантска единица

Руското министерство за одбрана објави снимка која како што се вели во објавата на Твитер покажува уништување на украинската разузнавачко-диверзантска единица со високопрецизно оружје.

11:53 – Москва: Уништени разузнавачки центри на украинската армија во Одеса

Рускиот крајбрежен ракетен систем „Бастион“ ги уништил електронските разузнавачки центри на украинската армија во областа Одеса, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

11:51 – Кличко: Мора да го набавиме вистинското оружје

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ги повика западните сојузници да продолжат со снабдување со оружје на Украина во нејзината војна против Русија.

11: 38 – Лукашенко: Западот ја турна украинската Влада во војна

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека западните земји ја туркаат украинската Влада во војна, додавајќи дека Минск бил подготвен да испрати граничари на границата меѓу украинскиот регион Донбас и Русија, но Украина ја отфрлила таа иницијатива.

10:59 – Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа

Во опколениот пристаништен град Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

10:38 – Русија употребила хиперсонично оружје

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија со хиперсонично оружје уништила голем украински подземен склад за ракети и муниција за авиони во регионот Ивано-Франковск, објавоија западните медиуми.

10:20 – ВИДЕО: Украина се надева на отворање 10 коридори денеска, меѓу нив и во Мариупол

Претходните договори за прекин на огнот и отворање на коридорот во Мариупол во голема мера пропаднаа.

09:47 – Белгија го одложи повлекувањето од нуклеарната енергија за 10 години поради војната во Украина

Белгија, поради војната во Украина, одлучи да го продолжи рокот на нуклеарните реактори, и покрај ветувањата на владината коалиција дека тие ќе бидат затворени до 2025.

08:13 – Британија: Русија е изненадена, принудена е на нова стратегија

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во најновиот дневен билтен на бојното поле вели дека Кремљ „досега не ги постигнал првичните цели“ и е „изненаден од обемот и интензитетот на отпорот на Украина“.

08:07 – Зеленски до Русите: Замислете 14.000 трупови на московскиот стадион

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово одговори на појавувањето на рускиот лидер Владимир Путин на стадионот во Москва со мрачна порака.

07:52 – Се отвора хуманитарен коридор во Луганск

Хуманитарен коридор за евакуација во украинската област Луганск ќе биде отворен утринава, изјави регионалниот гувернер Серхи Гајдеј на платформата Телеграм.

07:36 – Значаен успех на Русите на југ, Украинците отсечени од Азовското Море

Министерството за одбрана на Украина доцна синоќа соопшти дека „привремено“ го загубиле пристапот до Азовското Море, бидејќи руските сили го зајакнале притисокот околу главното пристаниште Мариупол.

07:36 – Најмалку 40 украински војници убиени во Миколајив

Најмалку 40 украински војници загинаа по руски воздушен напад врз касарната во Миколајив, објавија локалните медиуми.

07:30 – Украинците тврдат дека убиле уште еден руски генерал

„Како резултат на напад над непријателот, загина командантот на 8-та армија на јужниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал-полковник Андреј Мордивчев, напишаа од украинската армија.

07:25 – На Путин треба да му се суди како на нацистите во Нирнберг вели поранешениот британски премиер Браун

Поранешниот британски премиер Гордон Браун изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се соочи со меѓународен суд поради неговите постапки во Украина.

19/03/2022

22:07 – Хезболах тврди дека не испраќа војници во Украина

Лидерот на либанското движење Хезболах, Саид Хасан Насралах, ги демантираше медиумските извештаи дека испраќа борци во војната во Украина, на страната на Русија, објави либанската телевизија „Ал Мајадин“.

20:57 – Русија: Уништени 54 украински воени објекти за еден ден

Авиони на руските воздухопловни сили уништија 54 воени објекти во Украина во изминатите 24 часа, додека руската противвоздушна одбрана собори едно украинско беспилотно летало, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

20:26 – Белата куќа: Бајден му укажа на Си на „последиците“ од каква било кинеска поддршка за руската инвазија

Американскиот претседател Џо Бајден му ги укажал на својот кинески колега Си Џинпинг „последиците“ од каква било поддршка за Русија во нејзината војна против соседна Украина, соопшти денеска Белата куќа.

20:10 – Медински: Има приближување до договор за неутрален статус на Украина

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински денеска изјави дека двете страни се приближиле до договор за неутрален статус на Украина.

19:45 – САД приземјуваат 100 авиони кои ги прекршуваат американските санкции

Американското Министерство за трговија ќе наложи денеска приземјување на 100 авиони кои неодамна полетаа кон Русија и за кои се верува дека ја прекршуваат американската извозна контрола, вклучително и авион што го користел рускиот бизнисмен Роман Абрамович.

19:12 – Курти: Путин може да ја прошири војната од Украина на Западен Балкан

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека рускиот претседател Владимир Путин може војната што ја води во Украина да ја прошири и на други простори, при што голема опасност од отворање ново жариште му се заканува на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

19:00 – Макрон изрази огромна загриженост поради Мариупол во разговорот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја изрази својата „огромна загриженост“ за судбината на украинскиот Мариупол за време на повеќечасовниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин.

18:47 – Кремљ: Путин ја обвини Украина за „воени злосторства“ во разговорот со Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Киев за „воени злосторства“ во разговорот со неговиот француски колега Емануел Макрон, нагласувајќи дека Москва прави „се што е можно“ за да избегне смртни случаи на цивили во Украина.

18:44 – Абрамович му ја предал контролата на фирмата на директорот на Челзи на денот на инвазијата врз Украина

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович ја префрлил компанијата што ја контролирал со инвестиции од десетици милиони долари на директорот на англискиот фудбалски клуб Челзи на денот кога Русија ја нападна Украина, покажаа корпоративните документи во Велика Британија.

17:24 – Во Лавов поставени 109 празни колички за деца

Сто и девет празни колички за деца беа поставени на главниот плоштад во Лавов во спомен на 109 украински деца убиени од почетокот на руската инвазија.

16:45 – Иконому: Не постои дискусија за испраќање грчки С-300 во Украина

Одбранбените системи што се неопходни и корисни за земјата, остануваат тука, не постои дискусија за испраќање дополнителна одбранбена опрема во Украина, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на тоа дали Грција ќе испрати С-300 за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

15:55 – Си: Конфликтот не е во ничиј интерес

Кинескиот претседател Си Џинпинг во денешниот разговор преку видео врска со американскиот претседател Џо Бајден истакна дека конфликтите и конфронтациите не се во интерес на никого.

15:38 – ВИДЕО: Путин ја откри главната цел на воената операција

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека рускиот народ на референдум одлучил да живее во своја земја и да одлучува за својата судбина.

Тој го честита празникот на Русија на стадионот „Лужники“ во Москва, каде што се одржува концерт за одбележување на годишнината од анексијата на Крим и Севастопол.

15:24 – Мицотакис: Грција ќе обнови породилиште бомбардирано во Мариупол

Грчката Влада ќе ја преземе обновата на породилната болница во Мариупол што беше бомбардирана пред неколку дена, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава по квадрилатералната средба со премиерите на Итаија, Шпанија и Португалија, јави дописничката на МИА од Атина.

15:21 – ВИДЕО: Руската државна телевизија прекина говор на Путин

Руската државна телевизија го прекина говорот на претседателот Владимир Путин во сред реченица додека тој денеска се обраќаше пред десетици илјади приврзаници на главниот фудбалски стадион во Москва.

14:49 – ОХЦХР: Во Украина досега се убиени 816 цивили

Канцеларијата за човекови права на Обединети нации (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 816 цивили се убиени, а 1,333 се повредени во Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари.

14:42 – Забрана за влез на дипломатите од Русија и Белорусија во просториите на ЕП

Европскиот парламент од денеска им забрани на дипломатите од Русија и од Белорусија да влезат во просториите.

14:21 – Балтичките држави протераа вкупно 10 руски дипломати

Естонија, Летонија и Литванија протераа 10 руски дипломати, соопштија денеска министрите за надворешни работи на трите балтички земји.

14:14 – Бербок предложи Берлин да разгледа воведување нафтено ембарго на Русија

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска навести дека Берлин треба да размисли за воведување ембарго на нафта од Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

14:03 – Кулеба: Притисокот ќе расте онолку долго колку што е потребно за да се запре руското варварство

Шефот на украинската дипломатија на Твитер напиша дека разговарал со шефот на ЕУ и дека се преговара за петтиот пакет санкции на ЕУ кон Русија.

13:58 – ВИДЕО: Спасувачите не можат да стигнат до затрупаните под театарот во Мариупол поради бомбардирањето

Спасувачите сè уште копаат низ урнатините за да стигнат до сите преживеани по нападот во средата врз театарот во Мариупол.

13:42 – Моравјецки ќе предложи мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека на вонредниот самит на НАТО, Полска и формално ќе даде предлог западните сојузници да испратат мировна мисија на НАТО во Украина.

13:29 – Градска управа на Киев: Од почетокот на војната во главниот град загинале 222 лица

Градската управа на Киев денеска соопшти дека од почетокот на војната во земјата, на 24 февруари, досега во главниот град загинале вкупно 222 лица, од кои 60 биле цивили и четири деца.

13:17 – Кулеба: Зеленски е подготвен уште утре да се сретне со Путин

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека шефот на државата, Володимир Зеленски, е подготвен за средба со неговиот руски колега Владимир Путин.

13:13 – Кремљ за Бајден: Има заборавеност и замор, затоа нема да му одговараме

Изјавите на Џозеф Бајден за Владимир Путин се лични навреди, но Кремљ нема да дава остри оценки со истите зборовите како американскиот претседател, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

12:39 – Лавров: Секоја испорака на оружје за Украина станува легитимна мета за руската армија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека секоја испорака на оружје за Украина истовремено станува легитимна мета за руската армија.

12:21 – Песков: Средбата меѓу Путин и Зеленски зависи од модалитетите на договорот

Потенцијалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега, Володимир Зеленски, заради потпишување договор за решавање на актуелната ситуација, ќе зависи од модалитетите на документот што допрва треба да биде усогласен, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

12:20 – Кремљ: Путин го информирал германскиот канцелар Шолц за воени злосторства врз цивили во Донбас од страна на украинските сили

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц укажал на украински напади врз цивилни цели, станбени области во градовите Доњецк и Макеевка, соопшти Кремљ.

12:17 – ВИДЕО: Уништен е трговскиот центар во Мариупол

На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа целосно уништениот трговски центар во Мариупол.

11:57 – „Ал Џезира“ објавува пост на руски новинар кој ја окарактеризира како „тероризам“ руската блокада на Мариупол

Познатиот руски новинар и поранешен политичар, Александар Невзоров, како „тероризам“ ги окарактеризира случувањата и опсадата на украинскиот град Мариупол.

11:56 – Рускиот амбасадор во Њу Делхи оцени дека Индија зазема балансирана позиција по однос ситуацијата во Украина

Индија е свесна за тоа кои се целите на руската специјална воена операција во Украина и оттаму балансираниот став по прашањето, изјави денеска рускиот амбасадор во Њу Делхи, Денис Алипов.

11:53 – Папата Франциск: Војната во Украина е перверзна злоупотреба на моќта

Папата Франциск ја нарече војната во Украина „перверзна злоупотреба на власта“ во име на нечии интереси, поради што беспомошните луѓе се подложени на брутално насилство, пренесува АНСА.

11:46 – Раша тудеј: Неправедно одземена дозволата за емитување програма

Рускиот телевизиски канал Раша тудеј денеска соопшти дека британскиот медиумски регулатор Офком неправедно му ја одзел дозволата за емитување програма, поради конфликтот во Украина, па го обвини дека не е ништо друго, освен алатка на британската Влада.

11:33 – Украинците тврдат дека убиле уште еден важен руски командант

Украинската армија на Твитер објави дека е убиен уште еден важен руски командант.

11:28 – Британско Министерство за одбрана: Русите постигнаа минимален напредок оваа недела

Британското Министерство за одбрана објави дека руските сили постигнале минимален напредок оваа недела, пренесува Sky News.

11:27 – Кремљ: Режимот во Киев на сите можни начини се обидува да го одложи преговарачкиот процес

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц за време на денешниот телефонски разговор дека Киев се обидува да ги одложи преговорите, но дека Москва сепак сака да ги продолжи.

11:01 – Oфком: Одземена лиценцата на „Раша Тудеј“ за емитување програма во Велика Британија

Руската државна телевизија „Раша Тудеј“ нема повеќе да може да емитува програма во Велика Британија откако регулаторното тело „Офком“ по итна постапка и ја одзеде лиценцата.

10:56 – Полски служби: Над два милиони украински бегалци влегоа во Полска

Повеќе од два милиони бегалци влегоа во Полска од Украина од почетокот на инвазијата, соопшти полската погранична служба, прецизирајќи дека повеќето се жени и деца.

10:49 – Би-Би-Си: Кој е баталјонот Азов кој го брани Мариупол?

Со недели, јужниот украински пристанишен град Мариупол се спротивставува на рускиот напад, а во одбрана е и националистичкиот баталјон од околу 800 доброволци, јави Би-Би-Си.

10:29 – Кличко: Очекуваме жесток напад врз Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличкјо утринава разговараше со специјалниот дописник на „Скај Њуз“ од главниот град на Украина, веднаш по повеќекратното гранатирање на населба од главниот град, укажувајќи на штетата, што, наводно, била предизвикана од ракета.

10:17 – Лавров: САД сакаат светот да изгледа како „американски бар“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека САД сакаат светот да изгледа како „американски бар“ каде што Американците го имаат главниот збор, пренесува Скај њуз.

09:55 – ВИДЕО: Погодена зграда во Киев, едно лице загина

Едно лице загина, а неколкумина се повредени откако делови од руска ракета паднаа врз станбена зграда во северниот дел на украинската престолнина Киев, соопштија итните служби во Украина.

09:31 – Украина: Убивме 14.200 руски војници

Украина објави дека од почетокот на војната се убиени 14.200 руски војници, пренесува Би-Би-Си, кој пишува дека не можеле самостојно да ги потврдат овие тврдења.

09:24 – Уредничката која на руска телевизија протестираше против војната, дала отказ и одбила азил

Уредничката на рускиот Канал 1 Марина Овсијаникова соопшти дека дала отказ, но и дека одбила да ја прифати понудата за азил во Франција откако на руската државна телевизија истакна транспарент со порака „Стоп за војната!“ и „Тука ве лажат“.

09:16 – Русија воведува зона за забранети летови над Донбас

Русија воспостави зона на забранети летови над Донбас, изјави претставникот на Народната милиција на „Доњецката Народна Република“, Едуард Башурин.

09:14 – Неколку ракети ја погодиле фабриката за авиони кај западниот украински град Лавов

Неколку ракети утринава ја погодиле фабриката за поправка на авиони во украинскиот град Лавов, во западниот дел на земјата.

09:11 – ВИДЕО: Нападнат е квартот Подил во Киев

Градскиот совет соопшти дека утрово бил нападнат квартот Подил во Киев.

08:41 – Тердос во ОН: Војната има разурнувачки здравствени последици за украинскиот народ

Првиот човек на Светската здравствена организација предупреди на катастрофалните последици од војната за украинскиот народ и тешките нарушувања во обезбедувањето здравствени услуги и залихи и нагласи дека „мирот сега е неопходен лек за спасување животи“.

08:41 – Мајките на руските војници да проверат дали тие се живи, повика Зеленски

Секоја мајка, која знае дека нејзиниот син е пратен во војна против Украина, мора да провери каде е тој. Особено оние, кои не можат да ги контактираат своите деца. Оние, на кои им е кажано дека нивните деца се убиени, но, не им го вратиле телото. Вака им се обрати украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на мајките на руските војници, во својот говор измината ноќ.

08:40 – Кризата во Украина ја зголеми побарувачката за оружје од американско производство

Руската инвазија врз Украина ја зголеми побарувачката во Европа за оружје од американско производство. Владите на државите од Европа до американските власти и воената индустрија веќе доставуваат списоци со нарачки на оружје, вклучувајќи дронови, ракети и противракетни системи.

08:35 – ОН бара истрага за цивилните жртви и штетите во Украина

Потсекретарката на Обединети нации за политички прашања, Розмари Ди Карло синоќа побара истрага и одговорност за масовните жртви и уништувањето на стотици домови, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура за време на руската инвазија врз Украина.

08:10 – Бајден и Си денеска телефонски ќе разговараат за ситуацијата во Украина

Претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг, денеска телефонски ќе разговараат за ситуацијата во Украина. Како што пренесуваат медиуми, се очекува разговорот да биде „напнат“.

08:08 – Јанша: Руската војска никогаш нема да го заземе Киев

Руската армија никогаш нема да го заземе Киев, изјави доцна синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша, осврнувајќи се на впечатоците од неговиот престој во Киев, градот што во вторникот го посети заедно со полскиот и чешкиот премиер и притоа имаше и разговари со украинското раководство.

08:07 – Шолц: Да не се изедначуваат Путин и Русите

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа предупреди дека Русија и рускиот народ не смеат да се поистоветуваат со претседателот Владимир Путин.

07:51 – ВИДЕО: Најмалку три експлозии утрово во Лавов

Најмалку три експлозии се слушнаа во западниот украински град Лавов, околу 6.30 часот по локално време, јави Скај њуз.

07:51 – Пентагон: Русија се повеќе напаѓа цивилни објекти

Руската војска се повеќе напаѓа цивилни објекти во Украина, а во исто време опаѓа моралот на руските војници, изјави синоќа висок претставник на американската одбрана.

07:51 – Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Голем број европски политичари предложија Володимир Зеленски да биде номиниран и да ја добие Нобеловата награда за мир за 2022 година, се наведува во нивното писмо објавено на специјалната веб-страница nobelprizeforukraine.

07:51 – Русија се откажа од резолуцијата на ОН за помош на населението во Украина

Советот за безбедност на ОН денеска нема да гласа за руската резолуција за заштита на цивилите во Украина и пристап до хуманитарна помош, откако рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија ги обвини западните земји за кампања со „невиден притисок“ против таквата мерка.

07:45 – Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Русија

Агенцијата Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Русија на ЦЦ од ЦЦЦ минус поради тешкотии со отплата на долгот поради меѓународните санкции.

07:42 – Калин: Путин има две категории барања за прекин на војната

Советникот на турскиот претседател Ибрахим Калин за Би-би-си изјави дека при телефонскиот разговор турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган бил информиран од неговиот руски колега Владимир Путин за барањата на Москва за завршување на инвазијата врз Украина.

00:20 – Во Украина киднапиран уште еден градоначалник

Шефот на регионалната управа во Харков, Олег Синегубов изјави дека руските сили го заробиле градоначалникот на Великобурлутска, град во областа Харков.

18/03/2022

15:16 – Во Германија има повеќе од 187 илјади бегалци од Украина

Повеќе од 187.000 бегалци кои бегаат од војната во Украина пристигнале во Германија по руската инвазија на Украина пред три недели, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Германската полиција до денеска евидентирала 187.428 бегалци, главно жени, деца и постари лица, соопшти Министерството.

15:06 – Путин: Санкциите што Западот ги воведе против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека санкциите што Западот ги воведе против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности.

14:45 – Трас: Постојат „докази“ дека Путин е „воен злосторник“

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас денеска изјави дека постојат „многу силни докази“ дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“.

14:08 – Белата куќа: Бајден утре ќе разговара со Си Џинпинг

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе разговара со својот кинески колега Си Џинпинг за билатерални прашања, вклучително и руската инвазија врз Украина, соопшти Белата куќа.

13:29 – Арестовиќ: Украинскиот претседател не го промени ставот, границите од 1991 година мора да се почитуваат

Украинскиот претседател не го промени својот став во врска со тоа дека меѓународните граници кои постоеја во времето на распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и натаму мора да се почитуваат, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

13:22 – Кличко: Руските агресори во Киев веќе предизвикаа штета од милијарди долари

Руските воени сили веќе му нанесоа штета од милијарди долари на главниот град на Украина, Киев. Ова го соопшти градоначалникот на градот Виталиј Кличко за време на денешниот национален телетон, јавува дописникот на Укринформ.

13:22 – Парламентот на Литванија усвои резолуција за создавање зона за забранети летови над Украина

Парламентот на Литванија едногласно усвои резолуција со која се бара воспоставување зона на забранети летови над Украина, придружувајќи се на апелот на неколку земји од ЕУ, како Естонија и Словенија.

13:22 – Кремљ: Многу луѓе во Русија се разоткриваат како предавници

Кремљ денеска објави дека многу луѓе во Русија се разоткриваат како „предавници“ и го впери прстот кон оние кои поднесуваат оставки и ја напуштат земјата.

13:10 – Русија нема да ја земе предвид судската одлука за запирање на инвазијата

Русија сигнализираше дека продолжува со инвазијата на Украина, откако највисокиот суд на Обединетите нации нареди веднаш да ги запре сите воени дејствија, јави Скај њуз.

13:09 – Столтенберг: Мирот и безбедноста не може да се земаат здраво за готово

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Берлин, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, кажа дека „војната на претседателот Путин против Украина го уништи мирот и го шокираше светот“.

13:02 – Распоредот на Путин не предвидува посета на зоните на воени дејствија во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин заега нема во план да ги посети зоните на дејство на руската армија во Украина, ниту посета на ранетите војници сместени во болниците, изјави денеска пред медиумите Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател.

12:22 – Украина бара Јапонија да и помогне со обезбедување висококвалитетни сателитски снимки

Украина бара од Јапонија висококвалитетни сателитски снимки како помош за да се одбрани од руските војници, јави весникот Никеи.

12:20 – Резников: Пилотот кој го бомбардираше театарот е чудовиште

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека пилотот кој го бомбардираше театарот што се користеше како засолниште за цивили во Мариупол е „чудовиште“.

12:19 – Медведев: Русија има моќ да ги постави сите дрски непријатели на нивно место

Русија има сила да ги постави непријателите, предводени од САД, на нивно место и Москва ќе го спречи „русофобниот заговор“ на Западот да ја распарчи Русија, изјави денеска Дмитриј Медведев, еден од најблиските сојузници на претседателот Владимир Путин.

12:19 – Украинскиот министер за одбрана категорично демантира дека украинската армија го лансирала дронот што падна во Загреб

Украина ги истражува околностите во врска со инцидентот со беспилотното летало што минатата седмица падна во Загреб и сигурно е дека таа не го лансирала дронот кон Хрватска, изјави денеска украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников.

12:18 – Руски медиуми: Сајтовите на руската Влада се цел на невидени кибер напади

Веб-страниците на руската Влада се соочуваат со невидени кибер напади и се вложуваат технички напори за филтрирање на странскиот интернет сообраќај, објави денеска новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за дигитален развој.

11:17 – Украина се надева на евакуација на цивили преку девет коридори, вклучително и од Мариупол

Украина се надева дека денеска ќе евакуира цивили преку девет хуманитарни коридори од градовите, вклучително и од Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук, додека во Чернигов се зголемува бројот на жртви, а погодено е и училиштето во Мерефа.

11:15 – Борел: ЕУ ја повикува Русија брзо да се врати на почитувањето на правата

Европската унија ја изразува својата поддршка за бранителите на човековите права, демократските сили, слободните медиуми и независното граѓанско општество во Русија и ја повикува Русија брзо да се врати на почитувањето на човековите права, меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

11:14 – Повеќето од луѓето го преживеале нападот врз зградата на театарот во Мариупол

Украинските власти соопштија дека скривницата во театарот во Мариупол го издржала бомбардирањето, дека моментално се работи на извлекување на луѓето, како и оти повеќето од луѓето успеале да го преживеат нападот.

11:11 – Украинска армија: Тешки борби во Харков, уништено училиште

Во немилосрдното руско гранатирање во текот на ноќта погодени се куќи во североисточниот украински регион Харков, соопшти Владата во Киев.

11:11 – Руско МНР: Преку видеоврска продолжуваат преговорите со Украина

Мировните преговори со Украина продолжуваат преку видеоврска, при што двете страни разговараат за воени, политички и хуманитарни прашања, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

11:04 – Зеленски во Бундестагот: Урнете го ѕидот меѓу слободата и недостигот на слобода во Европа

Повикувајќи се на падот на Берлинскиот ѕид, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да го урне ѕидот меѓу мирот и судирите во Европа и да ја запре војната во Украина.

10:58 – Клеверли: Обединетото Кралство ќе притиска за задушување на руската воена машина

Британскиот министер за Европа и Северна Америка, Џејмс Клеверли, изјави дека Обединетото Кралство ќе продолжи да врши притисок за „задушување на руската воена машина“, пренесува Си-Ен-Ен.

10:57 – Гутереш: Над три милиона лица избегаа од Украина, Русија мора веднаш да ја прекине војната

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во својата најнова изјава констатира дека досега повеќе од три милиона лица ја напуштиле Украина, бегајќи од воениот конфликт

09:44 – ВИДЕО: Украинците им оставија богат плен на Русите – сето тоа беше заробено без борба

Во областа Херсон, руската армија заплени огромен магацин со ракетно и артилериско оружје (РАВ).

09:33 – Видео обраќање на Зеленски пред Бундестагот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во моментов има обраќање пред членовите на германскиот Парламент.

09:31 – ВИДЕО: Воздушен напад во близина на Киев

Украинските власти објавија снимки од разорени станбени куќи. Тие велат дека имало воздушен напад во областа Фастив во близина на Киев.

09:28 – Руски амфибиски бродови забележани во близина на јапонското копно

Јапонската армија соопшти дека четири руски амфибиски бродови денеска минале низ теснецот Цугару што ги раздвојува островите Хоншу и Хокаидо на северот од Јапонија, пловејќи во насока запад.

09:26 – Театарот во Мариупол пред и по нападот од Русија

На сателитската снимка објавена од американската компанија Maxar, направена пред два дена, се гледа рускиот збор „деца“ напишан со големи бели букви на предната и задната страна на театарот во Мариупол.

09:24 – Британија: Напредокот на Русија е минимален во последните денови

Руската инвазија на Украина е главно запрена на сите фронтови, соопшти денеска британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на најнови разузнавачки информации.

09:10 – Кина: Никогаш нема да ја нападнеме Украина

Кинески дипломат во Лавов рече дека неговата земја никогаш нема да ја нападне Украина.

09:10 – Путин за руските олигарси: „Проблемот е што тие се ментално лоцирани на Запад“

Путин вели дека Русите „секогаш ќе можат да ги разликуваат вистинските патриоти од злобните и предавници и дека едноставно ќе ги плукаат како комарец кој случајно им влетал во уста“, пишува Sky News.

09:03 – Захарова по повлекувањето/протерувањето на Русија од Советот на Европа: Ние не сме вреќа за удирање

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија официјално го напуштила Советот на Европа, бидејќи не сакала да биде „вреќа за удирање“.

09:02 – Претседателката на Молдавија со порака до Русија: Повлечете се од Придњестровје

Русија мора да ги повлече војниците од Придњестровје, бидејќи игра значајна улога во овој регион, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду.

08:49 – Панамски трговски брод потопен во руски напади во Црното море

Трговски брод кој пловел под панамско знаме е потопен во руски ракетни напади во Црното Море, а два други брода се оштетени, изјави претставник на Панамската поморска управа, додавајќи дека нема информации за жртви.

08:35 – ВИДЕО: Украинците од дрон снимале како жестоко ги бомбардираат Русите околу Киев

Украинската војска објави неколку снимки за кои се вели дека се направени вчера околу Киев

08:31 – Џонсон: Путин треба да сфати дека е веќе неуспешен

Инвазијата на рускиот претседател „веќе е неуспешна“, бидејќи тој ја потцени „силата на отпорот“ во Украина, изјави британскиот премиер Борис Џонсон за Би-Би-Си.

08:30 – Лавров полета за Пекинг, на половина пат неговиот авион се свртел и се вратил во Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа замина за Пекинг. Се качил во авионот, но како што дознава германски Билд, некаде на половина пат, над Сибир, неговиот авион се вратил на аеродромот во Москва.

08:27 – Зеленски: Загубите на Русија се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и Авганистан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во најновото ноќно обраќање, рече дека загубите на Русија во Украина се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и Авганистан, пренесува Би-Би-Си.

08:26 – Градоначалник на Мариупол: Над 1.000 лица беа засолнети во театарот што беше гранатиран

Повеќе од 1.000 луѓе се засолниле во театарот во опколениот украински град Мариупол, за кој се верува дека бил цел на руско бомбардирање, според градоначалникот Вадим Бојченко.

08:16 – Новите сателитски снимки го откриваат степенот на штетата во Украина

Новите сателитски снимки го откриваат степенот на штетата предизвикана од гранатирањето во Суми, Чернихив и Харков.

08:05 – Унгарскиот претседател Орбан предупредува на зголемен број бегалци од Украина следната недела

Унгарија очекува „поголем бран“ бегалци од Украина наредната седмица, вели унгарскиот претседател, Виктор Орбан, во видео објавено на неговиот официјален фесјбук-профил.

08:04 – „Мета“ отстрани лажно видео каде Зеленски повикува на капитулација

Службата за безбедносни протоколи на „Мета“, компанијата што е сопственик на платформите „Инстаграм“ и „Фејсбук“, соопшти дека била забележана и избришана лажна видео-порака во која украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги повикува украинските војници на капитулација.

08:03 – Папата Франциск разговараше со рускиот патријарх Кирил за војната во Украина

Поглабварот на Римокатоличката црква папата Фарнциск денеска разговараше со патријархот на Руската православна црква Кирил, з авојната во Украиан, пренесоа британските медиуми.

08:03 – Најмалку едно лице загина, а три се повредени во пад на проектил во Киев

Најмалку едно лице загина, а три се повредени кога остатоци од соборен проектил паднале врз станбена зграда во украинскиот главен град Киев, соопшти Украинската служба за итни случаи.

08:02 – СБ на ОН денеска ќе одржи итна седница, посветена на хуманитарната криза во Украина

За денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се договорат потезите поврзани со растечката хуманитарна криза во Украина.

08:00 – Полскиот премиер ги повика западните лидери да го посетат Киев

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги повика лидерите на земјите од Европската унија, САД и Велика Британија да го посетат главниот град на Украина за да покажат солидарност, пренесува ДПА.

07:58 – Зеленски: Русија стана терористичка држава

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање ја нарече Русија терористичка држава.

07:56 – Кулеба: Оружје и санкции од Западот, а Украина ќе го стори останатото

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека на неговата земја и треба „оружје и санкции од Западот, а Украина ќе го стори останатото“.

07:54 – Ослободен градоначалникот на Мелитопол, разменет за деветмина руски војници

Руските сили го ослободија градоначалникот на градот Мелитопол, кого го заробија минатата недела, соопшти денеска шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Според властите тој бил разменет за деветмина руски војници, заробени во Украина

07:48 – Зеленски вети обнова на уништените украински домови

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вети обнова на сите домови уништени во руската инвазија врз земјата.

07:47 – СЗО: Во Украина 43 напади врз болници и здравствени установи

Здравствени установи се повеќе стануваат мета во војната, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека украинскиот здравствен систем функционира, но му треба поддршка.

17/03/2022

21:01 – Бајден: Путин е воен злосторник

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина.

17:27 – Руската Федерација официјално е исклучена од Советот на Европа

На вонреден состанок, Комитетот на министрите на Советот на Европа одлучи, според постапката започната според член 8 од Статутот на Советот на Европа, Руската Федерација да престане да биде членка на Советот на Европа од денес, 26 години по нејзиното пристапување, јави дописникот на МИА.

17:14 – НАТО стои на ставот дека нема да се инволвира во војната во Украина, ризикот е преголем

НАТО нема да испраќа своја војска во Украина, и нема да воведе забрана за летање над Украина, поради преголемиот ризик од масовен конфликт со Русија, но ќе продолжи да ја поддржува Украина со сите други расположливи средства, јави дописничката на МИА од Брисел.

15:47 – Путин: Операцијата на Русија во Украина е успешна

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека неговата воена кампања во Украина е успешна и нема да дозволи таа држава да биде „отскочна даска“ што би користела како закана кон Москва.

14:01 – Руската новинарка Марина Овсјаникова не планира да побегне, се надева дека протестот не бил залуден

Марина Овсјаникова, руската новинарка која „влета“ во живо во информативна емисија на руската државна телевизија, држејќи транспарент против војната во Украина, е загрижена за својата безбедност, но, се надева дека нејзиниот протест не бил залуден, пренесе Скај њуз.

13:51 – По посетата на Киев, тројцата премиери се сретнаа со Шарл Мишел

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија разговараа со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, веднаш откако се вратија од Киев, информираше денеска портпаролот на полската Влада.

13:46 – Украина: Русите киднапираа и трет градоначалник, го киднапираа и неговиот заменик

Градоначалникот на Скадовск, пристаништен град во регионот на Херсон во Украина, е киднапиран, објави на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

13:03 – Швајцарија воведува дополнителни санкции против руски олигарси

Швајцарија денеска воведе дополнителни санкции против одредени руски олигарси, согласно проширената листа санкции што синоќа ја усвои Европската унија.

13:00 – Украина го отфрли моделот на неутралност по примерот на Австрија и Шведска

Украина денеска ги отфрли предлозите на Русија за усвојување неутрален статус по примерот на Австрија и Шведска, велејќи дека разговорите со Москва за прекин на огнот треба да се фокусираат на „безбедносните гаранции“.

12:46 – Остин: Сојузниците на НАТО ќе продолжат да испраќаат оружје во Украина

Сојузниците на НАТО ќе продолжат да испраќаат одбранбено оружје во Украина и едногласно го поддржуваат Киев, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пред средбата со колегите од Алијансата.

12:46 – ММФ: Војната во Украина ќе го закочи глобалниот раст

Руската инвазија врз Украина ќе влијае врз целата глобална економија, ќе го забави нејзиниот раст и ќе ја зголеми инфлацијата и може суштински да го преобликува глобалниот економски поредок на долг рок, смета Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

12:06 – Шефот на МКЦК во петдневна посета на Киев

Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер пристигна во петдневна мисија во Киев, со цел да помогне во олеснувањето на пристапот на хуманитарните организации што работат во земјата разурната од војната

11:58 – Песков: Понудата на Киев за демилитаризација на Украина е компромис

Демилитаризацијата на Украина според австрискиот или шведскиот модел, со зачувување на сопствената армија, а без присуство на странски воени бази, е компромис, оцени официјален Кремљ.

11:58 – Ле Дриан: Потсетувам на обврската на вооружените сили да ги штитат новинарите

Франција денеска потсети на обврската на завојуваните страни во Украина да ги заштитат новинарите кои известуваат за конфликтот, по смртта на четворица од нив, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

11:55 – Медински: Русија е искрена во желбата да се постигне мир најбрзо што може

Моменталните преговори со Киев се тешки, бавно се движат, но, Русија е искрена во желбата да се постигне мир најбрзо што може, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински, помошник на претседателот Путин, јави Тасс.

11:40 – (ВИДЕО) Украина: Водиме контраофанзива

Украинските сили спроведуваат контраофанзива во неколку оперативни области, изјави советникот на Зеленски, Михаило Подољак.

11:33 – Украина: Убивме четврти руски генерал

Украински официјални лица тврдат дека нивната војска го убила четвртиот руски генерал. Тоа е знак, велат тие, дека руската армија е принудена да испраќа генерали на линијата на фронтот за да спроведуваат операции.

11:17 – Лавров вели дека има надеж за компромис во преговорите со Украина

Од руски аспект, преговорите со Украина не одат добро, но има одредена надеж за компромис, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за ТВ РБК, пренесува ТАСС.

11:13 – Делегациите од Полска, Словенија и Чешка безбедно се вратија во Полска

Делегации на полската, словенечката и чешката влада пристигнаа безбедно во Полска, изјави портпаролот на полската влада.

11:13 – УНДП: Ако продолжи војната 90 отсто од украинското население ќе се соочи со сиромаштија

Околу 90 проценти од украинското население би можело да се соочи со сиромаштија доколку продолжи војната, се наведува во соопштението на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

11:12 – Вонреден НАТО состанок за идните чекори на Алијансата во руско-украинската војна

Министрите за одбрана повторно се состануваат во Брисел денеска на вонреден состанок, a на дневен ред е засилувањето на НАТО на истокот, можна мировна мисија, и заштитата на украинското небо

11:11 – Естонскиот министер за одбрана смета дека Путин не ги постигнал целите во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин не ги постигна своите цели во Украина, изјави естонскиот министер за одбрана, Кале Лаанет.

11:10 – Над 15 тони хуманитарна помош пристигна во Украина

Во Украина пристигна хуманитарен товар тежок 15 тони, кој вклучува храна за бебиња од Италија, конзервирани супи од Германија, материјали за шиење и лекови од САД, јави Фокс Њуз.

10:01 – Украинска служба за итни случаи: Во Харков погинаа најмалку 500 лица

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, во вториот по големи град Харков се убиени најмалку 500, соопшти денеска украинската државна служба за итни случаи.

10:00 – Шолц повторно ја отфрли можноста за интервенција на НАТО во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за воена интервенција на НАТО во Украина.

09:38 – Над 10.000 двојки се венчаа во Украина од почетокот на војната

Украинското Министерство за правда соопшти дека од почетокот на војната 10.683 двојки се венчаа во Украина се венчаа.

09:36 – ЕУ може да се носи со бранот бегалци од Украина

Сите држави-членки на Европската унија мораат да помогнат во згрижувањето на милионите бегалци од Украина, изјави еврокомесарката за миграции, Илва Јохансон.

09:34 – Чанг: Да знаеше од претходно, Кина ќе се обидеше да ја спречи војната

Кинескиот амбасадор во САД Чин Ганг изјави дека кинеската Влада не знаела дека ќе има војна во Украина.

09:33 – Џонсон: Нема шанси Украина наскоро да се приклучи кон НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа предложи Украина да се откаже од својата кандидатура за приклучување кон воената алијанса НАТО, што е клучното барање на Русија, јави Скај Њуз.

08:50 – Кличко: Руските планови за заземање на Киев никогаш нема да се реализираат

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска изјави дека плановите на руските окупатори да го заземат Киев никогаш нема да се остварат.

08:44 – Експлозии во Одеса и Запорожје

Оливер Керол, дописник на The Economist, рече дека слушнал гласни звуци во Одеса кои би можеле да бидат системи за противвоздушна одбрана кои испалуваат проектили.

08:42 – НАТО планира повеќе трупи на источното крило по руската инвазија врз Русија

НАТО на денешната средба ќе побара од воените команданти да подготват планови за нови начини за одвраќање на Русија по инвазијата на Москва врз Украина, вклучително и дополнителни трупи и ракетна одбрана во Источна Европа, најавија официјални лица и дипломати.

08:42 – Бајден ќе најави уште 800 милиони долари воена помош за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска треба да најави уште 800 милиони долари нова воена помош од САД за Украина, информираше официјално лице од Белата куќа, јавија странски медиуми.

08:40 – Кадиров го предупреди Илон Маск да не се „закача“ со Путин

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го предупреди милијардерот Илон Маск да не се „закача“ со рускиот претседател, Владимир Путин.

08:39 – Меѓународниот суд на правдата денеска ќе ја соопшти одлуката по тужбата на Украина за руската инвазија

Највисокиот суд на Обединетите нации се очекува денеска да донесе одлука за тужбата со која се оспорува руската инвазија врз Украина, што е прва таква пресуда на овој меѓународен суд од почетокот на војната пред речиси три недели, јави ДПА.

08:37 – Блинкен: Непристапувањето на Украина кон НАТО не е отстапка пред Русија

Непристапувањето на Украина кон Северноатлантската Алијанса не треба да се гледа како отстапка пред Русија, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

08:33 – Погоден облакодер во Киев, спасувачите бараат преживеани

Службата за итни случаи на Киев објави слики од облакодер од станбениот дел на киевскиот кварт Шевченковски, кој утринава околу 6 часот беше погоден од еден или повеќе руски проектили.

08:00 – Шмигал: Украина претрпе штета над 500 милијарди долари

Премиерот на Украина, Денис Шмигал на изјави дека неговата земја од почетокот на руската инвазија претрпе штета од над 500 милијарди долари.

07:58 – ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Руската Федерација „направи сериозни прекршувања на Статутот на Советот на Европа некомпатибилни со членството, не ги исполнува своите обврски кон Организацијата и не ги почитува преземените обврски“.

07:58 – Г7 денеска на онлајн средба посветена на Украина

Групата од седум најразвиени земји во светот (Г7) денеска ќе одржи онлајн состанок во врска со руските напади во Украина, најави јапонскиот министер за финансии Суничи Сузуки.

07:54 – ЕУ и порача на Турција да не потпаѓа на пропагандата на Путин

Турција која во моментов има улога на „балансер“ треба да биде внимателна за да не потпадне на пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска амбасадорот на ЕУ во Анкара, Николаус Меер-Ландрут.

07:51 – Американскиот Сенат донесе резолуција со која Путин се осудува како воен злосторник

Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА.

07:47 – Блинкен: Независна Украина ќе постои многу подолго од Владимир Путин

Независна Украина ќе постои многу подолго отколку Владимир Путин, изјави синоќа во интервју за Си-Ен-Ен американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

07:37 – Зеленски: Преговарачките позиции сега се многу пореалистични

Украинскиот претседател Володомри Зеленски во нова видео порака ноќеска истакна дека нивните преговарачки позиции со Русија во конфликтот сега се многу пореални, пренесе ДПА.

07:35 – Амбасадор на Украина во Берлин: Напорите за посредување на поранешниот канцелар Шредер беа неуспешни

Амбасадорот на Украина во Германија Андриј Мелник оцени дека посредничките напори на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер меѓу Киев и Москва се неуспешни. – Прашањето е целосно затворено за нас, изјави Мелник за ДПА.

07:34 – Украина: Русија загуби 40 отсто од силите што ги испрати

Од почетокот на агресијата досега руските вооружени сили имаат претрпено загуби до 40 отсто од ангажираната техника и луѓе во Украина, тврди Генералштабот на украинската армија.

00:57 – (ВИДЕО) Зеленски: Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако е опасно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по полноќ се обрати на Телеграм и ги покани сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако, како што рече, „тоа е опасно, бидејќи НАТО не прогласи зона на забранети летови над Украина“.

00:48 – Качински: Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија

Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија, изјави лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

00:40 – Советот на Европа покрена постапка за исклучување на Русија од членство

Советот на Европа вечерва соопшти дека покренува постапка за исклучување на Русија од членство, откако руското Министерство за надворешни работи во текот на денот ја информираше организацијата дека покренува постапка за повлекување.

00:39 – Подољак: Постојат „фундаментални противречности“ во разговорите, но компромисот е можен

Постојат „фундаментални противречности“ во разговорите за ставање крај на руската инвазија врз Украина, но компромисот е можен, изјави денеска членот на украинската делегација и помошник на претседателот, Михаило Подољак.

00:39 – Зеленски: Посетата на премиерите на Полска, Чешка и Словенија силен знак за поддршка на Украина

Посетата на премиерите на Полска, Чешка и Словенија, кои пристигнаа во Киев, е силен гест на поддршка што ја почитуваме, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги информираше лидерите на овие земји за актуелните настани во војната со Русија по инвазијата на неговата земја на 24 февруари.

16/03/2022

23:31 – Од Украина денеска евакуирани речиси 30.000 луѓе

Речиси 30.000 луѓе се евакуирани денеска преку хуманитарни коридори од украинските градови, а повеќето, околу 20.000, успеаја да го напуштат опколеното пристаниште Мариупол, изјави висок украински функционер.

22:48 – Украинска новинарка на Фокс њуз убиена во близина на Киев

Олександра Кувшинова, украинска новинарка на Фокс њуз, загина во истиот инцидент во кој животот го загуби снимателот телевизијата Пјер Закржевски, објави американската телевизиска мрежа.

22:17 – Блинкен и Кулеба изразија загриженост за цивилните жртви

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба за безбедносните потреби на Украина во конфликтот со Русија, соопшти американскиот Стејт департмент.

22:14 – Руско-украинските разговори ќе продолжат во среда

Руско-украинските преговори ќе продолжат во среда, изјави советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

22:13 – Руски воени бродови испловија за Украина

Сателитските снимки покажуваат како бродови на руската морнарица се приближуваат до украинскиот брег.

21:24 – Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија украинскиот град Суми

Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија опколениот град Суми во североисточна Украина во операција „безбеден премин“, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

20:05 – Земјите од ЕУ издвоија 10.000 болнички кревети за Украинците

Земјите од Европската унија издвоија повеќе од 10.000 болнички кревети за Украинците, додека Франција е подготвена да ги прими своите први пациенти до крајот на неделата, изјавија денеска во Париз европската комесарка за здравство Стела Киријакидес и францускиот министер за здравство Оливие Веран.

19:45 – ЕУ воведе санкции за Роман Абрамович

Европската унија воведе санкции за сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамович, како дел од новиот пакет казнени мерки против Русија.

19:41 – Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев, ќе се сретнат со Зеленски

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев и во 19 часот по средноевропско време треба да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на чешки медиуми.

18:57 – Ердоган: Чавушоглу оваа недела ќе ги посети Русија и Украина

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе отпатува за Русија и Украина оваа недела додека Анкара ги олеснува разговорите за прекин на огнот меѓу двете завојувани страни, изјави денска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

18:49 – Вонреден самит на НАТО следниот четврток

Лидерите на НАТО ќе се состанат во Брисел на 24 март за да разговараат за рускатаа инвазија врз Украина. Тоа го објави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг преку Твитер.

18:33 – ВИДЕО: Осудена новинарката која упадна во вестите на руската телевизија

Новинарката Марина Овсјаникова беше сослушана во Окружниот суд Останкино.

18:19 – Русија започна процедура за излегување од Советот на Европа

Русија денес одлучи да покрене постапка за „излегување од Советот на Европа“, обвинувајќи ги НАТО и ЕУ дека го направиле инструмент во служба на „нивната воено-политичка и економска експанзија на Исток“, јави дописникот на МИА.

17:57 – Русија воведе санкции за 313 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Трудо

Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

17:26 – Кличко го покани папата да го посети Киев

Градоначалникот на Киев го покани папата Франциско во главниот град на Украина за да „го покаже своето сочувство“, но Ватикан денеска не соопшти дали понтифот ја прифатил поканата.

17:16 – Снимател на Фокс Њуз загина во Украина

Снимателот на Фокс Њуз, Пјер Закрзевски, загина во Украина, откако било погодено со рафален оган возилото во кое патувал објави американската мрежа на својата веб-страница.

16:27 – Русија воведе санкции за претседателот на САД и други високи функционери

Руските власти денеска соопштија дека ги ставиле американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ што им забранува влез во таа држава.

16:19 – Зеленски: Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена

Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена и затоа предлага да се брани на друг начин доколку и се дадат безбедносни гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

16:07 – НАТО стравува од исцениран хемиски напад од страна на Русија во Украина

Министрите за одбрана на НАТО членките утре ќе одржат нов вонреден состанок во Брисел, тие ќе разговараат за предизвиците од руската воена операција и опасноста по земјите членки на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел.

15:56 – Лавров: Преговори со Украина за воена неутралност

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека руско-украинските преговори продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација.

14:51 – Околу 2.000 возила успеале да го напуштат Мариупол преку хуманитарниот коридор

Околу 2.000 возила денеска успеаја да излезат преку хуманитарниот коридор од украинскиот град Мариупол, кој е под опсада на руските сили и проруските сепаратисти, соопштија градските власти.

14:38 – Џулијана Смит: Зоната на забранети летови би било невзможно да се оддржува кога Русија испраќа летала од своја територија

Воздушниот напад на 15 километри од границата со Полска беше со бомбардер кој полетал од руска територија, затоа се поставува прашањето колку воспоставување зона на забранети летови над Украина би било ефикасно, изјави денеска Џулијана Смит, амбасадор на САД во НАТО.

14:34 – (ВИДЕО) Кличко: Четири лица загинаа во Киев во текот на ноќта

Четири лица загинаа во бомбардирањето во текот на ноќта, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

13:39 – Кремљ: Постапката на новинарката Овсјаникова е хулиганство

Кремљ ја осуди постапката на новинарката Марина Овсјаникова, вработена во руската државна телевизија. Таа синоќа се појави во програма во живо со транспарент на кој пишуваше „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“.

13:36 – Британија забрани извоз на луксузни стоки во Русија и воведува нови увозни царини

Велика Британија објави дека ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија и ќе воведе нова царина од 35 отсто за руски увоз во вредност од 900 милиони фунти, вклучувајќи вотка, метали, ѓубрива и други стоки.

13:23 – ВИДЕО: Украинската војска објави снимка од уништен руски конвој

Украинските сили објавија снимка од пат полн со уништени и напуштени руски возила.

12:34 – Продолжуваат преговорите меѓу Украина и Русија

Делегациите на Украина и Русија ги продолжија преговорите по техничка пауза, информираше членот на украинската делегација Давид Арахамија, пренесуваат украински медиуми.

12:27 – (ВИДЕО) Зеленски: Ако не заземете поцврст став, Путин ќе дојде и кај вас

Утринава обраќајќи им се во живо на западните лидери, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголема поддршка – и предупреди дека Русија би можела да цели на други делови од Европа.

12:16 – На новнарката која упадна на руската национална телевизија со антивоена порака и се закануваат 15 години затвор

Руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова, која синоќа упадна во програмата на Првиот канал на руската телевизија со антивоен транспарент.

12:14 – Украина воведува казна до 15 години затвор за соработка со Русија – „државата агресор“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон според кој секој соработник на „државата агресор“ може да биде ставен во затвор, информираше првиот заменик претседател на Врховната рада на Украина, Александар Корниенко.

12:06 – Секоја секунда по едно дете во Украина станува бегалец објави УНИЦЕФ

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, околу 1,4 милиони деца ја напуштиле Украина, што значи дека секоја секунда по едно дете станува бегалец, соопштија ОН.

11:52 – САД воведоа санкции против уште 11 високопоставени функционери на руското Министерство за одбрана

Американскиот Стејт Департмент воведе санкции уште против 11 високопоставени функционери на руските оружени сили и на капацитети од воено-индустрискиот комплекс.

11:47 – ОН: Досега од Украина побегнале три милиона лица

Досега околу три милиона лица побегнале од Украина од почетокот воената инвазија на Русија врз оваа земја, на 24 февруари, пресмета Агенцијата на ОН за бегалци, давајќи најновите информации за бројот на украински бегалци од војната.

11:41 – Песков: Прерано е да се предвидат можните резултати од преговорите со Украина

Прерано е да се предвидат можните резултати од преговорите меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.

11:24 – Околу 350.000 луѓе сè уште се блокирани во Мариупол

Околу 350.000 луѓе сè уште се заробени во Мариупол, кој е под опсада на руските сили од 1 март, соопштија локалните власти.

11:14 – Џонсон: Западот направи ужасна грешка што му дозволи на Путин да се „извлече“ по анексијата на Крим

Западот направи „ужасна грешка“ со тоа што продолжи да се потпира на руската нафта и гас по инвазијата на Крим во 2014 година, оцени британскиот премиер Борис Џонсон во изјава за весникот Телеграф.

11:09 – Кличко воведе полициски час во Киев до 17 март

Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко

10:58 – ЕУ и официјално усвои нови санкции против Русија, најстроги во историјата

Новиот круг санкции, кој денеска стапува во сила, предвидува рестрикции за голем број олигарси, забрана на продажба на луксузни стоки кои се извезуваат во Москва и ќе погоди неколку одбранбени компании.

10:57 – Уништена пистата на главниот цивилен аеродром во Днепар

Руските сили во текот на ноќта отворија оган врз главниот цивилен регионален аеродром во украинскиот град Днепар, изјави гувернерот на регионот. Во нападот е уништена пистата.

10:40 – Украина сака да воспостави девет хуманитарни коридори за бегство

Украинските власти денеска изразија надеж дека ќе спасат уште повеќе цивили од нападот на руската војска, со тоа што ќе воспостават девет хуманитарни коридори за бегство, јави ДПА.

10:32 – Во Украина убиени 97 деца, стотина ранети

Канцеларија на јавното обвинителство на Украина соопшти дека во воените дејствја на руската армија во земјата заклучно со денешниот ден се убиени 97 деца.

10:29 – ВИДЕО: Азов објави снимки од дрон, Мариупол е целосно уништен

Украинскиот баталјон Азов, екстремно десничарска доброволна пешадиска воена единица, објави снимки од дрон кои го покажуваат степенот на уништувањето во градот Мариупол.

10:14 – Пејчиновиќ-Буриќ ја осуди агресијата на Русија и повика на солидарност со Украина

-Откако одлуката за суспендирање на руското претставување во СЕ беше донесена на 25 февруари, нејзините власти ниту се повлекоа од нашата Организација, ниту се повлекоа од својата брутална кампања во Украина, рече Пејчиновиќ-Буриќ.

10:08 – Бројот на загинати од ракетниот напад врз ТВ кула кај Ривне се искачи на 19

Се зголемува смртниот биланс од вчерашниот напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне, во северна Украина.

09:54 – Клеверли: Рускиот план за инвазијата не функционира

Рускиот план за нападот не функционира, изјави за Би-Би-Си, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

09:42 – Херсон е под целосна руска контрола тврди портпаролот на министерство за одбрана

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенов изјави дека руските сили презеле целосна контрола врз целата територија на област Херсон, јужна Украина.

09:34 – Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска на состанок со Зеленски

Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска ќе патуваат за Киев, каде треба да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски, како претставници на лидерите на Европската унија. Информацијата утрово беше објавена на социјалните мрежи, од страна на чешкиот премиер Петр Фијала.

09:29 – Русија привремено го забрани извозот на житарки во поранешните советски држави

Русија го забрани извозот на житарки во поранешните советски држави до 30 јуни, а извозот на шеќер го забрани во сите земји до 31 август.

09:05 – Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете војни во Чеченија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните истакна дека бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили“.

08:56 – ВИДЕО: Ранет новинар на Фокс Њуз кој известуваше од војната во Украина

Британски новинар, кој известуваше за војната во Украина за Фокс њуз, вчера е ранет и примен во болница, јави американската телевизија. Инцидентот се случил во регионот на Киев. Не се соопштува колку е сериозно повреден новинарот.

08:47 – ВИДЕО: Во Шпанија запленета јахта на руски олигарх, вредна 140 милиони долари

Шпанските власти привремено ја запленија јахтата на рускиот олигарх Сергеј Чемезов, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

08:27 – Советник на Зеленски објави неколку сценарија, војната би можела да заврши во мај

08:08 – Повеќе од 2.000 цивили загинаа во Мариупол, соопштија украинските власти

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, загинаа 2.357 луѓе“, соопшти градскиот совет на Мариупол.

08:06 – Москва: Русија ги контролира нуклеарните централи во Чернобил и Запорожје

Руската војска ја контролира ситуацијата во нуклеарната централа заедно со украинското обезбедување и нејзините вработени, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија, Алексеј Полишчук.

08:03 – Руските авиокомпании да ги задржат авионите изнајмени во странство

Сè уште не се знае што ќе биде со стотиците авиони што руските авиокомпании ги изнајмија од странски компании, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се дозволува на компаниите да ги регистрираат тие авиони и да продолжат да летаат со нив.

07:55 – ВИДЕО: Напади на станбени објекти во Киев, Кличко ги повика жителите да останат во засолништата

Според украинските медиуми, погодена е станбена зграда, а едно лице е повредено.

07:48 – Продолжуваат украинско-руските преговори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање потврди дека денеска продолжуваат украинско-руските преговори.

07:22 – ВИДЕО: Новинарка на руската државна телевизија упадна во програма во живо со транспарент против војната во Украина

Невладината ОВД-Инфо ја претстави жената како Марина Овсијаникова, вработена во тој медиум.

15/03/2022

20:56 – Светска банка одобри 200 милиони долари дополнителни средства за Украина

Светска банка денеска соопшти дека ќе обезбеди околу 200 милиони долари дополнителни средства за да помогне во обезбедувањето социјална грижа за ранливите луѓе во Украина.

18:10 – Најмалку девет лица загинаа во напад од воздух врз телевизиска кула во северна Украина

Најмалку девет лица загинаа денеска во напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне во северна Украина, изјави локалниот гувернер Виталиј Ковал.

17:25 – Бајден можно е да ја посети Европа за да се сретне со сојузниците околу Русија и Украина

Претставници на Белата куќа разговараат за можноста американскиот претседател Џо Бајден да отпатува во Европа во наредните недели за да разговара со сојузниците за Русија и Украина, изјави денеска извор запознат со ситуацијата за западни медиумми.

16:06 – Подољак: Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре

Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак.

15:07 – Зеленски в среда ќе има обраќање во американскиот Конгрес

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ќе има обраќање во американскиот Конгрес в среда, на 16 март.

Според американските медиуми, обраќањето ќе биде во 1 часот по Гринич, преку видео-врска.

15:00 – ВИДЕО: Сквотери ја окупираа вилата на рускиот олигарх Дерипаска во Лондон

Британската Влада го замрзна имотот на Дерипаска минатата недела, откакоа ги прошири санкциите кон богатите Руси и компании со цел да изврши притисок врз претседателот Владимир Путин да стави крај на инвазијата на Украина.

14:30 – Вучиќ: Ќе биде „целосна катастрофа“ ако Бугарија ја запре испораката на гас од Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека за Србија ќе биде „целосна катастрофа“ најавата на Бугарија дека ќе го затвори гасоводот доколку Русија почне да плаќа транзит во рубљи, јави Бета.

14:26 – Руската делегација го суспендира учеството во работата на Советот на Европа

Руската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го суспендира своето учество и нема да учествува на состаноци. Тоа го јавија руските медиуми цитирајќи денеска член на руската делегација.

14:25 – Моравјецки побара замрзнатиот имот на руските олигарси да се префрли во новиот Фонд за обнова на Украина

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки по денешниот состанок на т.н. Лублински триаголник, меѓу премиерите на Полска, Литванија и Украина во Варшава, побара да се запленат замрзнатите средства на руската држава, имотот на руските олигарси на Запад и да се префрлат тие средства во новиот иден Фонд за обнова на Украина.

13:50 – Оштетен далноводот во Чернобил

Руските сили го оштетија високонапонскиот далновод што ја снабдува со електрична енергија украинската нуклеарна централа во Чернобил, набргу откако беше обновено снабдувањето со струја во тој објект, соопшти денеска украинскиот оператор на електроенергетската мрежа „Укренерго“.

13:38 – Песков: Воената операција во Украина ќе биде целосно спроведена, Русија не побара помош од Кина

Руската специјална воена операција во Украина се одвива според оригиналниот план и ќе биде завршена на време, целосно спроведена, изјави денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавија руски медиуми.

13:36 – Ескобар: Западен Балкан да го повика Путин на одговорност

Сите земји од Западен Балкан да го повикаат рускиот претседател, Владимир Путин, на одговорност, поради неговите одлуки да му предизвика нехумано страдање на украинскиот народ, апелираше денеска, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

13:22 – Мицотакис го уверил Зеленски дека Грција ќе испрати помош и ќе прими бегалци

Начините за справување со тешките последици од 19-от ден од руската инвазија во земјата, била главната тема во телефонскиот разговор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со украинскиот претседател Володимир Зеленски, информираат од кабинетот на грчкиот премиер

13:21 – Русите тврдат дека има најмалку 20 мртви во украинскиот напад на Донецк

Во моментов можеме да зборуваме за најголем број цивилни жртви како резултат на еден напад. Загинаа околу 20 луѓе, но тоа не е конечната бројка“, изјави Денис Пушилин

12:57 – Лапид: Израел нема да ѝ послужи на Русија да ги заобиколи санкциите

Израел нема да ѝ послужи на Русија да ги заобиколи санкциите, воведени од САД и други западни земји, изјави денеска, израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, јавија британски медиуми.

12:03 – Мишел: Доколку НАТО се вклучи во судирот во Украина ќе добиеме Трета светска војна

Влегувањето на НАТО во конфликтот во Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

11:41 – Дуда: НАТО мора да дејствува трезвено за да не избие Трета светска војна

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги предупреди сите оние кои бараат поголем ангажман од НАТО и воена помош за Украина, дека Алијансата мора да дејствува трезвено и внимателно за да не избие Трета светска војна.

11:21 – Зеленски: Нашата делегација има јасна цел, да обезбеди средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на синоќешното обраќање до нацијата истакна дека неговата делегација има „јасна задача“ да направи се што може за да обезбеди средба меѓу двајцата претседатели.

10:59 – Само Обединетите нации можат да донесат одлука за зона на забранети летови

Одлуката за воведување зона на забранети летови над Украина, како што бара претседателот Володимир Зеленски, може да ја донесат само Обединетите нации. Ова во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ го изјави претседателот на Воениот комитет на ЕУ генерал Клаудио Грацијано. Во спротивно, појаснува тој, „тоа би бил воен чин против Руската Федерација“.

10:22 – Почна четвртата рунда руско-украински преговори

Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак.

10:09 – Во руската инвазија досега загинаа над 2.500 жители на Мариупол, тврди советник на украинскиот претседател

Повеќе од 2.500 жители на црноморскиот пристанишен град Мариупол се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, изјави денеска претседателскиот советник Олексиј Арестович во телевизиско интервју.

09:56 – За денеска договорени десет хуманитарни коридори

Украина ќе се обиде да ги евакуира заробените цивили од опколените градови организирајќи за денеска „десет хуманитарни коридори“, вклучувајќи ги и местата во близина на Киев и во источниот регион Луганск, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

09:30 – Деведесет деца од Украина болни од карцином префрлени во Велика Британија

Децата и членовите на нивните потесни семејства пристигнаа со итен лет организиран од британските власти во неделата на барање на полските власти.

09:07 – (ВИДЕО) Киев: Две лица загинаа во гранатирање на фабриката „Антонов“

Две лица загинаа откако руските војници ја погодија административната зграда и фабриката „Антонов“, соопшти градската државна управа на Киев на Телеграм.

08:57 – Русија: Крим сега е поврзан со Донбас

Заменик-гувернерот на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, рече дека полуостровот сега е поврзан со копнен коридор со областите на сепаратистичката област Донбас во источна Украина, објави руската новинска агенција РИА.

08:54 – Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров тврди дека е во Украина

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, тврди дека пристигнал во Украина. Во видео-порака објавена преку апликацијата „Телеграм“ Кадиров вели дека пред неколку дена се наоѓал во непосредна близина на непријателските сили во Украина на место каде што се воделе жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

08:33 – Украина од Судот во Хаг бара создавање посебна сметка во ЕУ за Русија да плаќа репарации

Украина инсистира на отворање посебна сметка во ЕУ, на која Русија ќе добива средства за испорачаните гас и нафта, а кои ќе се проследуваат во Киев и ќе се користат за обновување на економијата на Украина, јави Укринформ.

08:29 – Амбасадата на САД повторно ги повика Американците итно да ја напуштат Украина

Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика Американците веднаш да ја напуштат Украина, бидејќи континуираните руски напади, состојбата ја направија насилна и непредвидлива, пренесуваат странските медиуми.

08:23 – Кулеба ја критикуваше долгогодишната политика на Берлин кон Русија

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ја критикуваше долгогодишната политика што официјален Берлин ја имаше во односите со Русија.

08:12 – Почина трудницата чија фотографија го обиколи светот по гранатирањето на родилиштето

Веднаш била пренесена во друга болница каде лекарите се бореле да ја одржат во живот. АП пишува дека кога сфатила дека ќе го изгуби бебето, им викала „Убиј ме сега!“.

07:52 – ВИДЕО: Разнесен станбен блок во Киев, најмалку двајца мртви

Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

07:50 – Најголемата бегалска криза на векот продолжува, околу 2.7 милиони лица досега ја напуштија Украина

Само во последните 24 часа, земјата ја напуштија 100.000 лица, проценија Обединетите нации.

07:42 – Нова, онлајн, рунда преговори денеска меѓу Русија и Украина

Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска и ќе се одвиваат во форма на видео конференција, изјави Дмитриј Песков, руски преговарач и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

01:23 – Портпаролот на кинеската амбасада во САД „никогаш не слушнал за руското барање за воена помош“

На прашањето на Си-ен-ен за наводното барање на Русија за воена помош, Лиу Пенгју, портпарол на кинеската амбасада во САД, рече: „Никогаш не сум слушнал за тоа“.

00:48 – (ВИДЕО) Зеленски: Ако не го затворите нашето небо, прашање на време е кога руските ракети ќе почнат да паѓаат на територија на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја

00:40 – ВИДЕО: Украинците објавија нова снимка од бомбардирање на руски контролен пункт

Украинските сили објавија нова снимка од дрон.

00:33 – Русија го забрани пристапот до Инстаграм

Русија го забрани пристапот до Инстаграм, покажуваат информациите за сообраќајот на податоци на руските даватели на услуги.

00:20 – Британија: Русија ја блокираше Украина на Црното Море

Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили го блокирале украинскиот брег на Црното Море, со што Украина е отсечена од меѓународната поморска трговија.

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од 7 март до 13 март

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ