Зеленски со апел до Германија да го спаси Киев или „новиот Берлин“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното телевизиско обраќање до нацијата апелираше до Германија да го спаси главниот град Киев.

-Киев порано го нарекуваа „нов Берлин“, тоа се градови со сличен дух, отвореност, емоции, слобода, искреност на луѓето, клубови и забава, рече Зеленски, пренесен од Си-Ен-Ен.

„Сега Киев е затворен. Тивко чека нови сирени за воздушен напад што ќе ги принуди луѓето да се засолнат“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски објави 20-секундна снимка од сирената за воздушен напад, изјавувајќи дека Украинците го слушаат тој звук „со часови, денови и недели“.

-Звукот на сирената е нешто со кое Украинците живеат, работат и се обидуваат да спијат. Тие ги лекуваат раните, раѓаат бебиња и умираат, додаде тој.

Зеленски додаде дека и Европа и особено Германците „имаат моќ“ да извршат притисок врз Русија, додавајќи дека без „вашата трговија, вашите компании и банки, Русија нема да има пари да ја финансира оваа војна“.

Украинскиот претседател ги повтори повиците на неговата земја за затворање на европските пристаништа за Русија, за откажување од руските извори на енергија и прекин на снабдувањето од Русија.

-Сигурен сум дека мирот е можен. Но, треба да работите за да го постигнете тоа. Секој од вас во Германија, во Европа. За Киев повторно да се вика нов Берлин, за нашите улици и плоштади да бидат безбедни како вашите, рече Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Руски наредник уби командант и пет војници

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне