ВИДЕО: Нови снимки од хаосот во уништениот Мариупол

Од:

Нова снимка од опколениот Мариупол го прикажува пустошот на украинскиот град, со напуштени улици полни со шут, разнесени автомобили и уништени згради.

Си-Ен-Ен објави дека има потврда на автентичноста на двете објавени видеа, снимени од автомобилот кон кој беше пукано.

Првото видео, кое е снимено од автомобил во движење, започнува со кадар од разнесено полициско возило. Автомобилот продолжува, на снимката се слушаат спорадични истрели.

Пред автомобилот се појавува пат блокиран од изгорени автомобили. Како што камерата се спушта, се гледа тело на земја десно од автомобилот. Автомобилот потоа нагло свртува по споредниот пат, а се гледа како човек трча со торба.

Второто видео започнува додека истиот автомобил вози северно од градот. На снимката се слушаат повеќе истрели додека автомобилот се повлекува од каде што дошол.

Додека го прави тоа, телото повторно се гледа од страната на патот. Возилото поминува покрај уништен полициски и други оштетени автомобили.

Се слушаат пукотници и се добива впечаток како куршумите да паѓаат покрај автомобилот. Потоа возилото се оддалечува од пукотниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина