Европската Комисија со нова помош за земјите членки за последиците од украинската криза

Од:

Европската Комисија ги повикува земјите членки на ЕУ да примат бегалци од Украина и да ја зголемат својата енергетска зависност од руската енергија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Повикот на Европската Комисија се прави во рамките на Инструментот за техничка поддршка кој им пружа конкретна асистенција на земјите на ЕУ.

Елиса Фереира, еврокомесарката за кохезија и реформи, изјави дека овој Инструмент за техничка поддршка е флексибилен и може да се прилагоди на специфични политички ситуации.

-ЕУ е подготвена да им помогне на земјите членки да примат и интегрираа лица кои бегаат од војната во Украина, како и да ја намалат својата зависност од фосилните извори на енергија, вклучително тие кои доаѓаат од Русија, преку инвестиции во чисти извори на енергија, изјави меѓу другото еврокомесарката.

Земјите членки можат да се обратат до Европската Комисија со барање за техничка асистенција во овие области – бегалците и енергијата, и подобро користење на ЕУ фондовите.

Комисијата потоа ќе го разгледа барањето и ќе го одобри. Инструментот за техничка поддршка е главната алатка на Комисијата за помош во реформите врзани за ЕУ во земјите членки на ЕУ и е дел од повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески