Бајден денеска во Варшава ќе присуствува на средбите меѓу Блинкен и Остин со Кулеба и Резников

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Варшава ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на САД, Ентони Лојд Остин и нивните украински колеги Дмитро Кулеба и Алексеј Резников.

„Бајден утринава ќе присуствува на состанокот меѓу Блинкен и Остин со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и министерот за одбрана Алексеј Резников“, соопшти Белата куќа.

Бајден, кој денеска ја завршува дводневната посета на Полска, вчера во Жешов разговараше со полскиот претседател Анджеј Дуда и со претставници на невладините хуманитарни организации кои им помагаат на бегалците од Украина.

Во Жешов, американскиот претседател ги посети американските војници, распоредени на југоистокот на Полска како дел од зајакнувањето на источното крило на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп повторно го исмејуваше Бајден, публиката се смееше

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина