Франција замрзна 800 милиони евра на руски олигарси

Од:

Француските власти замрзнаа имот од 800 милиони долари во сопственост на руски олигарси како дел од санкциите по руската инвазија на Украина, изјави денеска за новинарите во Париз портпаролот на француската влада Габриел Атал.

„Овие санкции се чувствуваат во Русија, каде што економијата се тетерави, рубљата пропаѓа, берзата во најголем дел сè уште е затворена, а Централната банка е силно погодена, рече тој.

– Нема да има табу ако треба да одиме понатаму, рече Атал во однос на какви било дополнителни санкции.

Последната рунда санкции на Европската унија на почетокот на март против Русија вклучуваше мерки насочени кон 160 олигарси и руски политичари.

Министерот за финансии Бруно Ле Мер во неделата изјави дека Франција досега замрзнала околу 150 милиони евра приватни банкарски сметки кај француските финансиски институции и недвижен имот во земјата во вредност од 539 милиони евра, а станува збор за триесетина недвижности или станови.

– Франција исто така го блокираше користењето на две јахти во руска сопственост вредни околу 150 милиони евра, рече Ле Мер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија