Москва: Убиени 1.351 руски војник, главна цел е ослободување на Донбас

Од:

Руската армија денеска првпат од почетокот на месецов соопшти колку нејзини припадници загинале во инвазијата врз Украина. Русија извести дека загинале 1.351 војник, а 3.825 се повредени, додека Украинците тврдат дека убиле над 15.000.

Русите тврдат и дека украинските сили загубиле 30.000 војници, и речиси целосно ги уништиле украинските воздухопловни сили, морнарицата и воздушната одбрана.

– Руските вооружени сили ги исполнија главните задачи од првата фаза од операцијата во Украина, а борбениот потенцијал на украинските војници е значително намален, што ни овозможува повторно да ги фокусираме нашите главни напори за постигнување на главната цел, а тоа е ослободување на Донбас, изјави генерал-полковник Сергеј Рудској, прв заменик началник на Генералштабот на руските вооружени сили.

Тој предупреди дека „најмалку десет украински мини се појавиле на површина како резултат на минирање на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни и сега пловат низ Црното Море, што претставува реална закана за воените и цивилните бродови“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање