Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

Од:

Руски проектили денеска ја погодија железничката инфраструктура во Харков во североисточна Украина, при што загина најмалку едно лице, потврдија локалните власти.

„Два градски округа беа цел на руски ракети“, објави гувернерот Олех Синегубов на својот канал Телеграм, наведувајќи дека најмалку девет лица се повредени, пренесува „Украинска правда“.

Украинската државна железничка компанија објави дека еден од нејзините вработени на возраст од дваесет години е убиен во руски напад.

„Ова е уште еден таргетиран напад на непријателот врз цивилната железничка инфраструктура“, соопшти Украинските железници на Телеграм, без да даде детали за степенот на оштетување на инфраструктурата.

Во денешниот руски напад оштетени се административни и цивилни згради, како и неколку возила, потврди Синегубов.

Русија ја гаѓаше железничката инфраструктура во обид да ја попречи испораката на оружје од САД, изјави неименуван разузнавачки извор во Киев.

Министерот за одбрана на Руската Федерација изјави дека руските сили ќе ги интензивираат нападите врз украинските логистички центри.

Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од границата со Русија, долго време беше на удар на руските сили, но во последните месеци нападите врз цивилната и енергетската инфраструктура станаа поинтензивни.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17