(ВИДЕО) Зеленски: Ниту една држава во светот нема да биде поштедена од неисгурноста во снабдувањето со храна

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика извозниците на енергенси да го зголемат производството и на тој начин да ја спречат Русија да го „уценува“ светот со гас и нафта, на кој му се заканува и глад и нуклеарна војна доколку руската воена машина не запре.

Во обраќањето на Форумот во Доха, Зеленски рече дека богатите земји како Катар можат да придонесат за стабилизирање на Европа.

„Ве молиме зголемете го производството на енергенси за да се осигурате дека сите во Русија ќе разберат дека оваа земја не може да ја користи енергијата како оружје за уценување на светот“, рече Зеленски.

Едномесечната руска инвазија на Украина ја зголеми загриженоста на Европа за енергетската безбедност и иднината бидејќи Русија е најголемиот европски снабдувач на фосилни горива. Ниту една земја во светот не е сигурна дека ќе биде поштедена од несигурноста во снабдувањето со храна поради руската инвазија предупреди Зеленски.

Украина е еден од најголемите светски производители на жито, а поради војната, сеидбата и приносите се под знак прашалник. „Светските пазари сè уште не се опоравија од ефектите на пандемијата што предизвика пораст на цените на храната. Никој не е безбеден од овие шокови и не можете да бидете сигурни дека нема да бидете изложени на несигурност во храната“, рече тој.

„Руските војници окупираа километри од полињата со жито во Украина и ја уништуваат земјоделската опрема со експлозиви“, рече тој.

„Тие се фалат дека можат да уништат не само поединечна земја, туку и целата планета со нивното нуклеарно оружје“, рече украинскиот претседател во видео пораката.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни