Кремљ ги оценува преговорите со Украина како „недоволно суштински“

Од:

Кремљ денеска оцени дека преговорите со Киев се недоволно „суштински“, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е подготвен за „компромис“ кој, доколку се постигне, треба да биде одобрен на референдум.

-Се одвива одреден процес, но ние би сакале тие да бидат поенергични и позначајни, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој одби да каже за што разговараат двете страни, бидејќи, како што рече, објавувањето на тие теми само ќе го попречи преговарачкиот процес, што веќе се одвива „побавно и помалку суштински“ отколку што би сакала Москва.

Песков изјавата ја даде по повод вчерашната изјава на Зеленски, кој рече дека е подготвен да разговара со рускиот колега Владимир Путин за „компромис“ за Донбас и Крим за да се прекинат непријателствата што Русија ги почна на 24 февруари.

Зеленски, исто така, додаде дека таквиот договор треба да биде ратификуван од Украинците на референдум.

Украина бара да се почитува примирјето за време на преговорите, да се повлечат руските сили од земјата и да се назначат земји гаранти за нејзината безбедност, кои би интервенирале во случај на руски напад.

Од своја страна, Москва вели дека сака да ја демилитаризира и „денацифицира“ Украина и бара неутрален статус на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија