Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Од:

Германската влада одобри употреба на оружје на Украина добиено од Германија против воени цели на територијата на Русија, соопштено е денеска во Берлин.

„Во последните недели Русија, особено во областа Харков, подготвува и изведува напади од руската погранична област. Германија и нејзините партнери дојдоа до заклучок дека според меѓународното право, Украина има право да се брани од овие напади“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.

Тој рече дека тоа важи и за оружјето што Германија и го стави на располагање на Украина. Пред тоа, германската влада објави дека за ова прашање се договорила со своите партнери „за време на интензивни консултации“ на 29 и 30 мај.

„Заедно со нашите партнери и во близок дијалог со украинската влада, ние континуирано ја прилагодуваме нашата поддршка за развојот на војната во Украина“, рече Хебестрејт.

Теоретски, Украина би можела да користи хаубици од 2000 набавени од Германија и ракетни фрлачи Марс II за напади на руска територија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторникот вечерта, по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон, навести дека Германија може да попушти во врска со употребата на германско оружје против цели на територијата на Русија.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР