Бајден: Русија употреби хиперсонични проектили

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден потврди дека Русија употребила хиперсонични проектили во Украина.

– Русија штотуку лансираше хиперсонична ракета, изјави Бајден.

Тој додаде дека тоа е оружје што предизвикува огромни последици.

– Има причина за тоа што (Русите) го користат.

Руската армија вчера соопшти дека ќе продолжи да ја користи својата најсовремена хиперсонична ракета за гаѓање исклучително важни цели во Украина.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека хиперсоничната ракета „Кинжал“ „ја докажала својата ефикасност со уништување на добро обезбедени специјални објекти“.

Конашенков истакна дека ракетата „Кинжал“ била употребена во петокот при нападот на магацинот за ракети во Делијатин, кога првпат тоа ново оружје беше употребено во борба.

Новата ракета е употребена и во нападот на складиштето за гориво во Костијантиновка, во близина на црноморското пристаниште Миколаев, во текот на викендот.

„Кинжал“, едно од многуте хиперсонични оружја што Русија ги разви во изминатите години, има дострел од 2.000 километри и лета со брзина десет пати поголема од брзината на звукот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема