Руски дипломат: Путин ќе користи нуклеарно оружје ако НАТО провоцира

Од:

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН вели дека Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје доколку НАТО ја „провоцира“ земјата.

Дмитриј Полиански, еден од највисоките руски дипломати во САД, зборуваше за Скај њуз откако портпаролот на Владимир Путин рече дека неговиот шеф може да го притисне нуклеарното копче доколку земјата почувствува дека се соочува со егзистенцијална закана.

На прашањето дали Путин е во право кога на остатокот од светот му се заканува можна нуклеарна војна, Полиански рече:

„Ако Русија е испровоцирана од НАТО, ако Русија е нападната од НАТО, зошто да не, ние сме нуклеарна сила.

Заменик-амбасадорот ја отфрла официјалната изјава на американската влада дека припадниците на руските вооружени сили се виновни за воени злосторства во Украина.

„Мислам дека не вршиме воени злосторства во Украина. Се разбира, не е на мене да судам. Јас не сум таму. Ниту вие. Гледајте ја снимката, многу од нив се сметаат за лажни вести. Јас верувам во едно, вие верувате во друго“, рече тој.

Кога новинарот му покажа фотографии од Украина на кои се гледаат уништени згради и мртви цивили, Полиански рече дека Украина ги напаѓа сопствените згради и цивилите.

„Тие не беа целта. Од самиот почеток кажувавме дека нашата армија не претставува закана за цивилното население на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски