(ВИДЕО) Градоначалникот на Чернихив објави снимка од градот: Овде е комплетен масакр

Од:

Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко објави видео од автомобил кој минува низ градот и на кое се гледаат целосно уништени куќи, додека од некои од нив се уште излегува густ чад.

Тој вели дека градските гробишта се полни и немаат каде да одат со мртвите.

„Градските гробишта немаат веќе простор, па ги чуваме мртвите во мртовечници и ладилници подолго од вообичаеното. Ги закопуваме луѓето на стари гробишта кои не се користеле извесно време“, рече Атрошенко во видеото додека се вози низ градот.

На прашањето на лицето кое го снима видеото колку лица загинале досега, градоначалникот рече дека градот не води статистика, но дека сите случаи ќе ги решава обвинителството.

„Во моментов сме во воена зона. Многу е опасно да се биде овде“, рече тој.

Чернихив со недели е под силен напад на руските сили.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород