Украина и Русија разменија затвореници

Од:

Русите и Украинците денеска разменија затвореници, соопштија украински и руски претставници.

– Во замена за десет заробени окупатори, вративме десет наши војници, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, наведувајќи дека ова е прва вистинска размена на воени заробеници со Русија од почетокот на руската офанзива врз Украина.

Освен тоа, во Русија беа испратени осум руски цивилни морнари, преживеани од бродот што потона во Црното Море кај Одеса, а за возврат во Украина беа вратени 19 цивилни морнари заробени од Русите.

– Ја потврдувам информацијата за размена на десет руски војници приведени на украинска територија за 10 украински војници. Имаше и размена на руски цивилни морнари за украински цивилни морнари, изјави руската претставничка за човекови права во Кремљ, Татјана Москалкова.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица