Америка ги осудува изјавите на Русија за нуклеарно оружје

Од:

Пентагон го осуди одбивањето на портпаролите на Кремљ да ја исклучат употребата на нуклеарно оружје за време на конфликтот во Украина.

Дмитриј Песков за Си-Ен-Ен изјави дека таквото оружје може да се користи доколку Русија се соочи со „егзистенцијална закана“. Русија ги има најголемите залихи на нуклеарни боеви глави во светот.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби изјави дека нуклеарните забелешки на Москва се „опасни“.

„Ова не е начинот на кој треба да дејствува одговорна нуклеарна сила“, им рече тој на новинарите.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина