Во Мариупол во редици се чека за леб

Од:

Десетици Украинци чекаа ред за храна и други потреби во делот на Мариупол, кој е под руска контрола.

Иако бројните обиди да се создадат хуманитарни коридори и да се договори привремен прекини на огнот кој би овзможил цивилите да го напуштат Мариупол пропаднаа, дел од помошта и залихите пристигнаа вчера во делот на градот кој е под контрола на руските сили.

Повеќе од 100 луѓе трпеливо чекаа во редот за храна која се дели од камиони, објави Ројтерс.

Младата мајка на две деца, сведочи дека и дале леб и храна, додавајќи дека се чувствува среќна што стигнала до залихата на време.

„Не дознаваш секогаш… а потоа пристигнуваш предоцна“ – вели жената.

„Сега е тешко да се тргне со автобус. Се надеваме дека ќе се намали бројот на луѓе кои се обидуваат да излезат и дека ќе ни биде полесно да тргнеме“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков