„Спотифај“ се повлекува од Русија

Од:

Популарниот стриминг сервис „Спотифај“ се повлекува од Русија поради новите руски закони кои предвидуваат затворски казни за емитување информации за војната во Украина, кои отстапуваат од официјалните најави на руското Министерство за одбрана.

„Новите правила дополнително го ограничуваат пристапот до информации, ја елиминираат слободата на изразување и криминализираат одредени видови вести, што е ризик не само за вработените во Спотифај во Русија, туку и за нашите слушатели“, се вели во соопштението на Спотифај.

„По внимателно разгледување на сите опции во сегашните околности, моравме да донесеме тешка одлука целосно да ги прекинеме нашите услуги во Русија“, се вели во соопштението.

„Спотифај“ со тоа им се придружи на голем број големи меѓународни компании кои се повлекоа од Русија. Меѓу другите, го направија Мекдоналдс, Старбакс, Епл, Самсунг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија