Ди Цајт: Шолц му порача на Путин да не користи биолошко или хемиско оружје

Од:

Во директен разговор, германскиот канцелар Олаф Шолц го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи биолошко или хемиско оружје во Украина, објави денеска весникот Ди Цајт.

Руските тврдења дека Украина развива такво оружје или дека САД сакаат да го употребат „изгледаат како имплицитна закана дека и самиот Путин размислува да употреби такво оружје“, вели Шолц.

„Затоа, за мене беше важно лично да му кажам јасно и директно: тоа би било неприфатливо и непростливо“, изјави германскиот канцелар за Ди Цајт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат