Украинците објавија фотографија: Русите користат забранет бел фосфор

Од:

Градоначалникот на Ирпин, град во близина на Киев, тврди дека руските сили синоќа користеле забранет бел фосфор.

Тој објави и фотографија, за која тврди дека е направена синоќа во близина на Ирпин и Хостомел, кои се наоѓаат северно од Киев.

Ова не е прв пат Украинците да ја обвинат Русија дека користи забранет бел фосфор.

Вчера, како што јави Ројтерс, украински функционер изјави дека руските сили користеле фосфор во градот Краматорск во Доњецк.

Олексеј Билошицки, првиот заменик-началник на киевската национална полиција, во објава на Фејсбук напиша: „Уште една употреба на фосфорна муниција во Краматорск. Забраните и конвенциите се за цивилизираниот свет“.

Тврдењата не се проверени.

Белиот фосфор рутински го чуваат армиите ширум светот и легално се користи во борбите како димна завеса во текот на денот и како осветлување на областите ноќе.

Но, нелегално е да се користи против цивили бидејќи предизвикува сериозни и исклучително болни изгореници во контакт со кожата. Употребата на бел фосфор во цивилни области е забранета, меѓу другото, со Женевската конвенција.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски