Мртви тела на тротоар по ракетирањето на трговски центар во Киев

Од:

Руските сили синоќа нападнаа станбена зона во Киев, во која се наоѓа голем трговски центар. Дописникот на Sky News јавува дека видел неколку тела на тротоарот пред трговскиот центар. Полицијата соопшти дека најмалку осум лица се убиени.

Ракетниот напад се случи доцна синоќа. Главниот обвинител на Украина изјави дека покренал истрага за можно воено злосторство.

„Слушнавме многу силна експлозија. Бевме во нашиот стан во близина и слушнавме страшна бучава. Никаде во Украина повеќе не се чувствуваме безбедни“, изјави еден од сведоците на синоќешниот напад за Sky News.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија