Зеленски ги повика земјите производители да го зголемат производството на енергенси за Русија да не го уценува светот

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика земјите производители на енергени да го зголемат своето производство, за Русија да не може да го користи своето богатство од нафта и гас за, како што рече, „уценување“ на другите народи.

Британските медиуми пренесуваат дека украинскиот претседател во обраќањето на форумот „Доха 2022“, што го изведе преку видео врска, кажа дека земјите, како Катар на пример, можат да придонесат за стабилизирање на енергетската состојба во Европа.

-Иднината на Европа зависи од вашите напори. Ве повикувам да го зголемите производството на енергенси за да се осигураме дека сите во Русија разбираат дека ниту една земја не може да ја користи енергијата како оружје и да го уценува светот, рече Зеленски.

Тој, исто така, предупреди дека прекинот во синџирот на снабдување со храна може да влијае врз секоја земја поради руската инвазија на Украина, која е еден од најголемите производители на житарици во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници