Германија повика на правична распределба на украинските бегалци низ Европа

Од:

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, денеска изјави дека правичната распределба на Украинците кои бегаат од војната во Европската унија е апсолутен приоритет и ги повика сите земји-членки да ги почитуваат одредбите од Договорот за прием на бегалци во рамки на ЕУ.

„Договорот мора да биде имлементиран заеднички од сите”, рече Фезер за германските медиуми, притоа искажувајќи поддршка на Франција и особено на Полска која досега има примено повеќе од два милиони бегалци од соседна Украина.

Фезер рече дека денеска повторно ќе разговара со европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон по прашањето со бегалците, а со нејзините колеги од државите од Г-7 групата за можностите „како бегалците можат да најдат засолниште и во земји надвор од ЕУ како што се Канада, САД и Јапонија“.

Во обраќање пред германскиот Парламент, канцеларот Олаф Шолц, рече дека сè уште не може да се знае колку луѓе ќе ја напуштат Украина по руската инвазија.

„Она што знаеме е дека ќе ги има многу“, изјави тој пред пратениците притоа нагласувајжи дека бегалците се добредојдени во Германија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород