Украина го отфрли рускиот ултиматум: Ќе се бориме до последниот војник

Од:

Ултиматумот на Русија да го предаде Мариупол истече. Што сега?

Поминаа неколку часа од истекот на ултиматумот што Русија и го постави на Украина. Имено, Русите побараа Украина да го предаде опколениот град Мариупол, во кој се сместени околу 300.000 луѓе во безизлезни услови, со многу малку храна и медицински материјали.

Што бараше Русија?

Руската армија и даде рок на Украина до 4 часот по полноќ да го објави предавањето на градот. За возврат, тие понудија отворање два хуманитарни коридори преку кои цивилите би можеле да го напуштат градот.

Како одговори Украина?

Украинците го отфрлија ултиматумот. „Не се зборува за никакво предавање или полагање оружје“, рече вицепремиерот на Украина за украинската правда.

Во изјава за Би-Би-Си, советник на градоначалникот на Мариупол рече дека не може да им се верува на руските ветувања, додавајќи дека бранителите на Мариупол „ќе се борат до последниот војник“.

Што ќе се случи сега?

Ова не е јасно со оглед на тоа што Москва не прецизираше што ќе направат нејзините сили, кои целосно го опколија градот, доколку ултиматумот биде отфрлен.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија