Илјадници Руси протестираа против Путин

Од:

Илјадници, претежно руски, демонстранти се собраа денеска во центарот на Прага за да протестираат против претседателот Владимир Путин, повикувајќи го да стави крај на војната во Украина.

Околу 5.000 луѓе, според организаторот, скандираа „Русија без Путин“, „Слобода за Русија, мир за Украина“ и „Путин не е Русија“ додека маршираа низ историскиот центар на Прага.

– Во Чешка живеат 40.000 Руси, а досега овие Руси им беа непознати на Чесите“, изјави организаторот Антон Литвин за АФП, пренесува БГНЕС. – Сакаме да покажеме дека Русите кои живеат овде се против Путин, против војната, дека ја поддржуваат Украина, додаде уметникот и активист, кој живее во Прага веќе 10 години. – Русите овде не се путинисти, тие се Европејци, рече Литвин.

Транспарентите кои ги носеа демонстрантите ги повикуваа Русите „да го кренат својот глас и да се борат против вистинскиот непријател, а не со Украина“, а Путин го опишаа како убиец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ