Путин до војниците кои војуваат во Украина: Другари, борбата носи зголемен ризик

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на војниците кои се борат во Украина по повод Денот на националната гарда и им рече дека „борбата вклучува зголемен ризик“, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

– Ви го честитам Денот на руската национална гарда. Националната гарда, која беше основана пред шест години, стана незаменлив и сигурен дел од државниот систем кој обезбедува владеење на правото и спроведување на законот и ги штити правата и интересите на нашите граѓани, рече Путин.

– Би сакал посебно да се обратам до персоналот на Националната гарда вклучен во специјалната воена операција во Донбас и Украина. Другари, борбените услови вклучуваат зголемен ризик, рече рускиот претседател.

– Свесен сум како се држите во оваа ситуација: исклучително храбри и професионални, стручни и бестрашни, компетентно и прецизно ги исполнувате најсложените задачи, а во исто време покажувате херојство, рече Путин.

– Целата наша земја со право се гордее со секој од вас. Сакам да ви се заблагодарам за вашата издржливост и беспрекорна служба за Русија, за вашата лојалност кон вашата татковина, за вашата заклетва на верност. Ви посакувам вам и на вашите семејства добро здравје, успех и среќа, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски