Украински власти: Повторно пропаднаа напорите за евакуација и хуманитарна помош на жителите на Мариупол

Од:

Украинските власти денеска ја опишаа ситуацијата во Мариупол како исклучително тешка, наведувајќи дека не успеале да воспостават нов безбеден коридор за евакуација на цивилите од опколениот град.

Украина претходно го отфрли повикот на Русија да се предаде Мариупол, откако руската армија им нареди на Украинците во градот да се предадат до 5 часот наутро денеска.

„Се разбира, ги отфрливме овие предлози“, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Таа изјави дека денеска е постигнат договор со Русија за создавање на осум хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од опколените градови, но меѓу нив не е Мариупол.

Верешчук истакна дека напорите да се дојде до хуманитарни залихи до Мариупол повторно пропаднале.

– Ситуацијата таму е многу тешка, изјави Верешчук.

Лидерот на прорускиот сепаратистички регион Доњецк вели дека ќе биде потребно „не помалку од една недела“ за да се заземе Мариупол, јави новинската агенција ИФАКС, пренесува Скај њуз.

Опколениот пристанишен град Мариупол, во југоисточна Украина, се соочи со најголемиот дел од руската агресија откако трупите на Кремљ ја нападнаа земјата на 24 февруари.

Падот на Мариупол ќе им овозможи на руските сили во јужна и источна Украина да се обединат и да формираат копнен коридор меѓу источните региони Доњецк и Луганск и Крим, кои веќе се под руска контрола.

Пред војната со Русија, јужниот пристанишен град беше центар за индустрија, како и за високо образование и бизнис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ