Британски генерал: Одеса е следната логична руска цел

Од:

Британскиот генерал Ричард Баронс во интервју за Би-Би-Си прогнозираше што очекува од воената стратегија на Русија во наредните денови.

„Очекувам Русите да продолжат да ја напаѓаат украинската армија во внатрешноста на земјата. Тие ќе удрат на нивните линии за снабдување, логистика и воздушни бази, како и на војниците кои се спротивставуваат на инвазијата“, рече Баронс.

„Тогаш тие ќе продолжат да се борат во градовите и територијата што мислат дека им припаѓа“, додаде тој.

Во таа смисла, украинскиот пристанишен град Одеса на југот на земјата е следната логична руска цел, оценува британскиот генерал.

„Окупирањето на Одеса ќе ја изолира украинската економија од трговските патишта долж Црното Море“, рече тој.

Во меѓувреме, Русите ќе го задржат притисокот врз Киев бидејќи тоа е политички важна цел, додаде генералот. Но, Русите знаат дека Киев во моментов е „преголема цел и премногу добро одбранет за војската да влезе во него“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија