Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај

Од:

Гари Каспаров, познат шаховски велемајстор, продемократски активист и еден од лидерите на руската опозиција, денеска на Твитер објави напис за можната руска употреба на нуклеарно оружје.

Вчера портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, не сакаше да ја исклучи можноста од руска употреба на нуклеарно оружје, но рече дека Русија ќе се одлучи за таков потег само доколку тоа е „егзистенцијално загрозено“.

Каспаров утрово на Твитер ја коментираше идејата за руска употреба на нуклеарно оружје.

„Единствениот ризик од употребата на нуклеарно оружје од страна на Путин во Украина е ако тој и неговите поданици се сигурни дека нема да има одговор. Секој командант на руска подморница треба да знае дека веднаш ќе биде елиминиран доколку се пука со такво оружје“, напиша Каспаров.

„Или можеби тоа би било преголема „ескалација“, уништување на подморница што истрелала нуклеарен проектил кон Украина“, иронично се прашува Каспаров, кој го критикуваше Западот од почетокот на војната во Украина поради стравот дека ќе биде поактивно вклучен во борбата против агресијата на Путин.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски