Ердоган: Русија и Украина се согласуваат за технички прашања, но не и за Крим

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Киев и Москва се согласуваат за техничките прашања во мировните преговори, но додаде дека двете страни се уште се поделени кога станува збор за територијални прашања како што е Крим.

Обраќајќи им се на новинарите во Брисел по самитот на НАТО, Ердоган истакна дека резолуциите усвоени од Алијансата не треба да се сфатат како закана за Русија или која било трета земја, туку треба да се гледаат како средство за одвраќање.

Турција, која е членка на НАТО, дели поморска граница со Украина и Русија во Црното Море, има добри односи со двете земји и понуди да посредува во конфликтот.

Ердоган нагласи дека главна цел на Турција во посредничките напори е да ги доведе украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин на разговори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси